Времето во земјава утре ќе биде променливо облачно, студено и ветровито, a на места ќе провејува снег. Ќе дува засилен северен ветар, повремено со брзина над 60 км./час. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4 степени, а максималната ќе достигне од 0 до 8 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно и студено со засилен северен ветар, а во делови од котлината повремено ќе провејува снег. Минималната температура ќе се спушти до 1 степен, а максималната ќе достигне 4 степени.
Од недела ќе преовладува стабилно и суво време со подолги сончеви периоди и со пониски утрински температури.