Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МФ: Британски инвеститори разгледуваат можност за влез во енергетски и инфраструктурни проекти во земјава

0
By Mirjana on February 16, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 16, 2022 16:23

Можности за влез на британски инвестиции во крупни проекти од областа на енергетиката, инфраструктурата и животната средина се во фокусот на интерес на посетата на Мартин Викерс, трговскиот претставник за Западен Балкан на премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон, кој престојува во Република Северна Македонија и денеска оствари средба со министерот за финансии Фатмир Бесими, информираат од овој владин ресор.

На средбата беше искажан интерес и постоење можност британски компании да влезат со грантови и како јавни-приватни партнерства во крупни проекти, што се реализираат во земјава во енергетскиот сектор, проекти од зелената енергија и зелената агенда, железничката инфраструктура, особено со акцент за регионалното поврзување во железничкиот сообраќај, како и директни странски инвестиции од британски компании при што Викерс изрази интерес и за работењето на индустриските зони во земјава.

Министерот Бесими ги претстави Планот за забрзан економски раст и Инвестицискиот план (2022-2026) и планираните инвестиции од 8 милијарди евра, во кои може да се пронајде заедничкиот интерес на двете страни. Планот предвидува јавни и приватни инвестиции, од кои најголемиот дел се во секторот енергетика, потоа патната и железничката инфраструктура, гасната инфраструктура, преработувачката индустрија, инвестиции во јавното здравство, комунална инфраструктура, во пречистителни станици и селектиррање отпад, како и инвестиции во туризмот.Тој претсавува јасен и одлучен постковид чекор на Владата со кој се излегува од пандемиската криза и со кој се трасира патот на македонската економија, согласно светските трендови за обезбедување квалитетни услови за живот за секој граѓанин и создавање здрава зелена енергија.

ОК алоцира околу 5 милиони фунти на билатерални и регионални проекти на годишно ниво. Меѓу другото, програмски активности се фокусираа на економскиот просперитет на земјата. Таа е меѓу најзначајните трговски партнери на нашата земја, позиционирана на второт место во последните три години, а вкупните директни инвестиции од ОК од 2003 до 2020 година изнесуваат скоро 400 милиони евра. Двете земји имаат склучено Договор за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија во однос на данокот а доход и данокот на капитал.

Мартин Викерс е именуван за трговски претставник во октомври 2020 година и еден од 31 преставници со кои се опфатени 69 земји со цел да ја поддржат агендата на премиерот Џонсот во областа на трговијата и инвестициите на глобалните пазари. Неговата улога е да се заложи за  проширување како во рамки на постоечките, така и во воспоставување нови односи во нови области, со посебен фокус на зелените енергии и зелената агенда, и како ОК може да ја поддржи РСМ на тој пат.

 

 

 

 

 

 

инвестиции МФ НА БРИТАНСКИОТ ПРЕМИЕР ЏОНСОН СРЕДБА ПРЕТСТАВНИК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.