Легендата на црногорскиот и југословенски фудбал, Предраг Мијатовиќ за српските медиуми изјави дека негови омилени репрезентации на ЕП 2020 ќе бидат македонската и хрватската.
– Не би рекол дека ќе бидам нечиј навивач, но би сакал Хрватска да го повтори успехот од последното Светско првенство кога беа вицешампиони, а секако со целото свое срце ќе бидам за Македонија, чиј селектор Игор Ангеловски е мој пријател. Исклучително ми е мило што успеа со својот тим да дојде до историски успех, изјави Мијатовиќ за белградскиот весник „Блиц“.
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, со кој во 1998 година ја освои Лигата на шампиони, како главен фаворит за титулата на ЕП 2020 ја посочи Франција, а во потесниот круг кандидати ги вброи Португалија, Германија, Шпанија и Италија.