Владата на вечерашната седница го именува Миле Сугарев за в.д. генерален директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

Тој доаѓа од позицијата директор на Секторот за финансиски прашања на ФЗОРСМ, наведуваат во соопштението од владината прес-служба.

Сугарев на функцијата го наследува Ден Дончев кој пред неколку дена поднесе оставка од здравствени и семејни причини.