Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Милевски со нов мандат во У21 тимот: Верувам во момците и во мојата работа

0
By Нова ТВ on February 28, 2019 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Младата фудбалска репрезентација на Македонија по вторпат му е доверена на Благоја Милевски. По испишаната историја во квалификациите за Европското првенство во 2017 година и пласманот на завршниот турнирот во Полска, тренерот со две титули со Вардар во 2013 година (првенство и Суперкуп), во обид за нов подвиг со надежите. Чест му е за укажаната доверба од Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, свесен е дека се наоѓа пред тешка мисија за која и самиот вели можеби најтешка во кариерата, но има верба и во играчите и во сопствениот рецепт и методи на работа.

„Благодарам за укажаната доверба. Со нетрпение ги чекам новите предизвици. Се наоѓам пред, веројатно, една од најтешките мисии во мојата кариера меѓутоа повик од репрезентација не се одбива. Верувам во момците, верувам дека поседуваме квалитет, верувам во мојата работа. Ако немам верба, немаше да прифатам ангажман“, вели старо-новиот кормилар кој во младата селекција го наследува Добринко Илиевски со кого, според интернет страницата на ФФМ, соработката била спогодбено раскината.

Циклусот на квалификации за Европското првенство во Унгарија и во Словенија во 2021 година ќе започнат во септември. Ривали на македонската репрезентација во групата 6 ќе бидат Шпанија, Израел, Црна Гора, Казахстан и Фарски Острови.

Благоја Милевски репрезентација селектор У21 фудбал ФФМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.