Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Милевски со заклучок по настапите на У21 тимот во октомври: Не е лошо

0
By Нова ТВ on October 15, 2019 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Селекторот на младата фудбалска репрезентација на Македонија, Благоја Милевски е генерално задоволен од ефектот во двата октомвриски меча во квалификациите за Европското првенство во 2021. На трите бода од Подгорица во четвртокот, надежи додадоа уште еден по ремито (1:1) на домашен терен со Казахстан и со вкупно седум се трети на табелата во шестата група.

„Не е лошо. Освоивме четири бода во дуели со два ривала за место на завршниот турнир и не сме минус. Мечот со Црна Гора остави трага на физички план против Казахстан чија репрезентација не е наивна. Против неа и останатите во групата не се наиграа. И Шпанија не направи повеќе од три шанси против нив, ние ги имавме седум. Немам што да забележам на момците. Одиграа како што се договориме, а голот што го примивме дојде по пад на концентрација“, рече Милевски во сумирање на заклучоците по мечот со Казахстан.

Милан Ристовски во 20. минута обезбеди предност за македонската репрезентација што гостите го поништија со среќниот погодок на Омиртаев во 75. Резултатот до крајот остана непроменет, а Милевски по мечот се осврна и на недостатоците на генерацијата што моментно ја предводи. Ја истакна недоволната минутажа што играчите ја имаат во своите клубови, а во мечеви како оној пред пет дена и последниот и тоа како е потребна максимална физичка подготвеност и настапи.

„Фудбалерите мора да дадат се што е во нивна моќ и да се изборат за поголема минутажа во клубовите за кои играат. За вакви мечеви не треба 100 отсто туку 120 отсто физичка подготовка. Но, со оглед на фактичката слика, нормално е да дојде до пад и во концентрацијата“, додаде менаџерот кој пред две години ја водеше Македонија на завршниот турнир во Полска.

Македонските млади фудбалери во наредниот месец ги очекуваат два гостувања кај дијаметрално различни противници. На 14 ноември ќе играат против Шпанија на стадионот „Санто Доминго“ во Алкоркон, а пет дена подоцна во Торшавн ќе го одиграат реваншот со Фарски Острови. „Црвената фурија“ е лидер во групата со 9 бода од три меча, Казахстан и Македонија имаат по 7 на второто, односно, третото место, Израел е четврти со 6 бода, Црна Гора има три на претпоследната позиција, на „фенерот“ се Фарски Острови без освоен бод.

Благоја Милевски ЕП 2021 Казахстан квалификации Македонија Фудбал У21
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.