Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Милошоски: ВМРО ДМПНЕ нема да учествува на седницата за ратификација

1
By Соња Петрушевска on June 19, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ ја напушти работата на Собранието и нема да учествува во дебатата за ратификација на Предлог – законот на Договорот меѓу Грција и Македонија.

Постапката  со која се предлага Договорот да биде ратификуван е спротивен на Уставот и Деловникот и партијата одлучи да не учествува во носењето на вакви штетни договори, кажа Антонио Милошоски на прес конференцијата во Собранието.

-Со овој Договор, Владата се откажува од сите успеси и напори постигнати од 91 до денес што беше крунисано со признавање од 140 земји на уставното име, меѓу кои и Америка, Канада, Русија, Кина.., рече Милошоски.

Тој го повтори ставот на партијата дека Договорот правно е неуставен, а национално  понижувачки.

Тој ја обвини власта дека сака да избегне дискусија за Договорот кој има многу „фалинки“ и затоа е предложен со европско знаменце, со што се скратува времетрањето на дискусиите.

Милошоски на прес-конференцјата, на која не сакаше да одговори на сите новинарски прашања рече дека најголемата иницијатива која тие додека беа 11 години на власт успеале да ја издејствуваат е добиената тужба против Грција. На прашањето дали ВМРО ДПМНЕ нема да присуствува само на оваа седница, туку и на сите наредни, Милошоски рече дека за тоа ќе одлучуваат партиските органи.

Претходно, министерот за надворешни работи Никола Димитров објасни дека Предлог – законот се предлага да биде донесен по скратена постапка, за договорот да биде ратификуван пред Европскиот совет. Ратификацијата на договорот во Собранието е услеов грчката страна да го извести Европскиот совет дека не постојат пречки змјава да ги почне преговорите со Унијата. Светот на ЕУ ќе заседава на 28 јуни.

Во 15 часот, е закажана седницата на комиијата за европски прашања, по што Предлог – законот се враќа повторно на пленсрана седница, за да се ратификува.

ВМРО-ДПМНЕ Милошоски прес ратификација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.