Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мина времето кога владите именуваа врховни судии

0
By Нова ТВ on August 2, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Канадскиот премиер Џастин Трудо најави денес длабока реформа на начинот на именување судии во Врховниот суд за да се обезбеди независност и транспарентност на одлуките на ова највисоко судско тело.

“Деветмината мажи и жени кои седат во клупите на Врховниот суд мораат да бидат правници од највисоко ниво, да ги зборуваат двата јазика и мораат да ја претставуваат разновидноста на земјата», вака Трудо го направи портретот на овие врховни судии.

Мина времето, рече тој, во кое владите, либерални и конзервативни, именуваа судии во текот на процедура која не е транспарентна, која е застарена и која бара добро чистење на прашината која се наоѓа врз неа.

“Отсега, независен и аполитичен комитет ќе има задача да ги идентификува потенцијалните кандидати” кои би можеле да седат во Врховниот суд, се вели во соопштението на канадската влада.

Актуелните деветмина судии, три жени и шестмина мажи, беа именувани од страна на гувернерот кој ја претставува кралицата Елизабета Втора а на предлог на владата. Судиите можат да останат на ова место до 75 годишна возраст.

Комитетот за селекција е составен од седум члена, четворица именувани од разни судски тела и тројца кои не се правници но се квалификувани лица кои ги избира министерството за правда.

“Именувањето во овој суд е една од најважните одлуки на овој премиер. Време е сите ние заедно да ја донесеме оваа одлука”, напиша Труди објаснувајќи дека прашалникот со одговорите на кандидатите ќе биде јавен документ а потоа ќе има јавна сесија на Парламентот на која пратениците ќе можат да ги постават сите прашања.

Во Канада во последните години Врховниот суд повеќе пати донесе одлуки кои беа спротивни на законските проекти на претходната конзервативна влада како на пример на еутаназијата, минимална затворска казна или нацрти закони од областа на животната средина.

Трудо додаде дека Канаѓаните, со оваа транспарентна и незвисна процедура “можат да бидат сигурни дека сите членови на Врховниот суд се највисоко квалификувани и целосно одговорни”.

Трудо ќе предложи исто така и рефорна на изборите за да ја врати, како што рече самиот, демократијата во Канада.

Врховен суд Канада независност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.