Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Минхен: САД и Европа се поврзани но партнерството мора да се прилагоди

0
By Zoran Ivanov on February 14, 2026 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
14 February 2026, Bavaria, Munich: US Secretary of State Marco Rubio speaks at the 62nd Munich Security Conference. Photo: Kay Nietfeld/dpa
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 14, 2026 12:50

Американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека судбините на САД и Европа се „поврзани“, во говорот на тридневната Минхенска безбедносна конференција, предупредувајќи дека партнерството мора да се преиспита и прилагоди.

Длабоко се грижиме за вашата иднина и за нашата, рече Рубио во своето 20-минутно обраќање, кое внимателно се следеше во Европа поради сигналите за променливиот надворешнополитички курс на Вашингтон под претседателот Доналд Трамп.

И ако понекогаш не се согласуваме, нашите несогласувања произлегуваат од нашето длабоко чувство на загриженост за Европа со која сме поврзани, не само економски, не само воено. Поврзани сме духовно и културно, додаде Рубио.

Оттргнувајќи се од конфронтирачкиот стил што го употреби американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс во својот контроверзен говор на конференцијата во 2025,  Рубио користеше лична и историска рамка, додавајќо дека САД „секогаш ќе бидат дете на Европа“.

Пораката, иако во одредени моменти критична кон Европа и глобалните институции, беше цврсто прозападна и беше примена со олеснување, при што публиката го прекинуваше Рубио со аплауз.

Сакаме Европа да биде силна. Веруваме дека Европа мора да опстане, бидејќи двете големи војни од минатиот век за нас се постојан потсетник дека нашата судбина е и секогаш ќе биде испреплетена со вашата, им рече тој на светските лидери, министри, високи воени офицери и креатори на политики.

Опишувајќи ја Европа како најблизок и најдолготраен сојузник на Вашингтон, Рубио истакна дека односот мора да се приспособи на сè поконкурентна и поопасна глобална средина.

Ние во Америка немаме интерес да бидеме учтиви и уредни чувари на управуваниот пад на Западот. Не бараме разделување, туку оживување на старото пријателство и обновување на најголемата цивилизација во човечката историја рече Рубио.

Тој ги критикуваше европските влади за нивните миграциски политики, предупредувајќи дека Западот се „дестабилизира“ од масовната миграција.

Масовната миграција не е, ниту некогаш била, маргинална грижа со мало значење. Таа беше и продолжува да биде криза што ги трансформира и дестабилизира општествата низ Западот“ кажа тој.

Во говорот, Рубио ги критикуваше и Обединетите Нации, дека нема „одговори“ на најголемите светски конфликти.

Наместо тоа, Рубио му припиша заслуги на претседателот Трамп за неговото лидерство во справувањето со жариштата од Газа до Украина и Венецуела.

Минатата година, американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс ја шокираше публиката со остра критика кон европските лидери, обвинувајќи ги дека ја потиснуваат слободата на говор и ги игнорираат ставовите на десничарските гласачи.

Таа изјава стана пресвртна точка во трансатлантските односи, забрзувајќи ги повиците Европа да стане помалку зависна од Вашингтон за својата безбедност.

Во наредните месеци Трамп воведе високи царини за Европа, започна потопли односи со рускиот претседател Владимир Путин и покрена агресивна иницијатива за преземање на Гренланд, што ги доведе трансатлантските односи на ново најниско ниво.

 

Европа Минхен Рубио САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.