Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерката за труд и социјала со надеж: Измените на Законот за стечајци до крајот на јули

0
By Sashko on July 19, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 19, 2021 22:04

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска очекува пратениците да ги изгласаат измените на Законот за стечајци пред да заминат на годишен одмор. Законот, според Шахпаска, би почнал да се имплементира кон средината или крајот на септември, а со него ќе бидат опфатени 1.100 стечајци или вкупно 13.000.

– Според информациите Предлог-законот ќе биде на следната седница во Собрание, на 22 јули, по неколку дена, а оди во скратена постапка. Штом се отвори на оваа седница, има можност пратениците да го изгласаат пред да одат на годишните одмори. Јас сум оптимист. Законот стапува веднаш во сила, но со оглед дека има период од 30 дена за работниците да поднесат барања, најверојатно кон средината или крајот на септември би можела да почне неговата имплементација, рече Шахпаска за дневникот на ТВ Сител.

Ова, потсети, е петта измена на Законот, произлегува од владината анализа и разговорите со стечајните работници, а предвидува месечниот износ на материјалниот надомест да биде 9.242 денара.

– Наместо досегашните 15 години работен однос, сега ќе има услов 14 години работен однос во претпријатие со доминантна државна сопственост кое може да се приватизирало, при приватизацијата да го зачувало единствениот матичен број или да го промени матичниот број, но да се докаже поврзаноста со претпријатието од кое произлегува фирмата ќерка: Нашите проценки се дека околу 1.100 работници ќе бидат опфатени со ова законско решение, истакна Шахпаска.

Во однос на законското решение со кое се обврзува пензионирањето со навршени 64 години, министерката обајсни дека исклучок од ова ќе бидат само вработените во здравството – здравствени работници и соработници, како и вработените во високото образование.

За породилното отстуство, останува предлогот да се продолжи и да се воведе „татковство“. – Ова законско решение чија драфт верзија е готова, ќе биде ставено на јавна дебата околу должината и траењето на породилното отсуство и татковството, рече министерката Шахпаска.

Закон за стечајци измени Јагода Шахпаска Македонија министерка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.