Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерот Андоновски ја брани јавната набавка: СДСМ лажно обвинува за корупција

0
By Marija Todorovska on March 10, 2025 ВЕСТИ
Фото: Скриншот прес конференција
Фото: Скриншот прес конференција
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 10, 2025 14:32

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ги отфрли обвинувањата од опозициската СДСМ  за конфликт на интерес, непотизам и сомнение за корупција во Министерството во врска со две јавни набавки во вредност од 50.000 евра што ги добила фирма која е во сопственост на сопругот на државната секретарка во ова Министерство.

Во врска со наводите на СДСМ, која се уште не може да се помири дека не ги води институциите со криминал и наместени јавни набавки, сметаме дека и самите не веруваат во она што го зборуваат, вели Андоновски.

Тој појаснува дека станува збор за набавка на конференциска и презентациска опрема на која, за жал, вели, пријавена била само една компанија, и покрај широките и објективни критериуми кои биле утврдени во истата, која била избрана затоа што ги исполнила бараните услови и критериуми, а за постапката никој не вложил никаква жалба. При тоа била постигната цена пониска од планираната, и направени се заштеди во буџетот.

Лага бр 1 на СДСМ е дека договорот е на сума од 2.5 милиони денари. Постигната е цена од 1.531.927,00 денари, која е за скоро 40 отсто поевтина од планираната сума за јавната набавка од 2.500.000,00 денари. На тој начин, заштедени се околу еден милион денари (16 илјади евра) пари на граѓаните. Предвидените производи се навремено и квалитетно испорачани при преселбата на Министерството. При дополнително направена анализа, направени се заштеди од 10 до 45 проценти по производ споредено со пазарните цени, нешто што никогаш не било случај во време на владеењето на СДСМ. И втората набавка, за проект кој СДСМ го блокираше, е мала набавка во која исто така се постигнати пониски цени од пазарните за до 40 отсто, рече министерот за дигитална трансформација.

Андоновски додаде дека државниот секретар во Министерството не учествува во ниту еден постапка за јавна набавка, во ниту една фаза, а нејзиниот ангажман е во административно-буџетско работење на Министерството, па затоа не постои простор за судир на интерес или влијание на постапката од нејзина страна.

Лага бр 2 е дека јас имам некаква вмешаност во изборот, техничката спецификација или севкупно набавката. Таа ја вршат стручни и објективни членови на комисии, а нивната работа се цени по тоа што нема ниту една жалба за набавката. Од друга страна, немам законска можност или простор за истражување на контактите на секој вработен во Министерството со приватни компании. СДСМ треба да знае дека доколку при соодветно исполнети услови, се пристапи кон поништување на постапката, Министерството се изложува на можности за тужби и сносење судски трошоци, нешто што било негативна пракса претходно и за која се уште плаќаме, рече Андоновски и ги повика ДКСК или Јавното обвинителство доколку сметаат, да ги истражат сите наводи кои би се сметале за спорни.

Тој воедно ги повика СДСМ за изнесените невистини и лаги и на денешната прес конференција да се извинат, во спротивно, најави дека ќе ја искористи можноста да побара нивна одговорност за навреда и клевета пред судовите.

На новинарско прашање министерот Андоновски изјави дека до потписот на јавната набавка не знаел дека постои ваква фирма, но заради презимето истражил и, вели, „бев ставен во една ситуација да доколку ја поништам постпаката, го ставам и Министерството на трошок да се спроведуват судски постапки коишто биле пракса во минатото и да плаќаме пенали, затоа што фирмата ги исполнува сите законски услови и нема ниту една законска пречка зошто таква фирма не треба да учествува на јавна набавка“.

јавни набавки Корупција наместен тендер СДСМ Стефан Андоновски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 17, 2026

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

ВЕСТИ July 17, 2026

Напредокот е недоволен, а заканите за Охридскиот Регион и натаму се сериозни. Во најновиот извештај,…

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

July 16, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.