Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерот Нуредини ќе ја презентира националната климатска амбиција на самитот во Глазгов  

0
By НОВА ТВ Balaban on November 2, 2021 ВЕСТИ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 2, 2021 15:16

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, вчера и денеска заедно со претседателот Стево Пендаровски учествува на Светскиот лидерски самит, во рамките на климатскиот самит #COP26 во Глазгов, каде заедно со лидерите на државите во светот се презентираат националните климатски амбиции и акции, информираа од Канцеларијата за комуникација на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во повеќедневната програма на климатските преговори, Министерот Нуредини ќе учествува и на различни тематски настани, каде беше поканет да го претстави ревидираниот национално определен придонес на Република Северна Македонија, препознаен како еден од поамбициозните ревидирани придонеси кон Договорот од Париз. Со овој придонес нашата земја се обврза за намалување на емисиите на стакленички гасови од 51% или изразено во нето емисии, во 2030 година, намалување од 82% во споредба со нивоата од 1990 година.

Министерот Нуредини денеска ќе присуствува и на лансирањето на Заложбата за ограничување на емисиите од метан на настанот во организација на претседателот на САД, Џозеф Бајден и претседателката на ЕК Урсула фон дер Лејен, поддржана и од Република Северна Македонија врз основа на претходно анализираните и усвоени политики и мерки во климатските стратешки документи.

На покана на грчката Влада, Министерот Нуредини во попладневните часови ќе се обрати на настанот на високо ниво посветен на заштитата на културното и природното наследство од влијанијата на климатските промени, на кој ќе ги претстави националните студии и напори за конзервација на културното наследство и природни подрачја.

 

Глазгов Насер Нуредини самит COP26
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.