Министерот за здравство Венко Филипче излегува од изолација, откако и вториот негов тест на ковид-19 е негативен. Со тоа завршува двонеделниот карантин што дојде по негова иницијатива иако, како што вели, епидемиолозите не сметале дека е во ризик.

„Сите мои работни обврски во изминатите две недели ги извршував од изолација и одржував редовни онлајн-состаноци со Комисијата за заразни болести, лекарите во здравствените установи, колегите во владата и медиумите и сè функционираше беспрекорно. Од денеска продолжувам со вообичаениот начин на работа во Министерството за здравство. Продолжувам да управувам со сите активности на министерството и ситуацијата со коронаирусот во земјата. Им благодарам на сите за поддршката“, истакна министерот Филипче во допис до медиумите.