Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерство за образование: Јаделе, пиеле и вработувале без мерка

2
By Нова ТВ on October 18, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 18, 2016 17:35

Ревизорскиот извештај за работата на Министерството за образование минатата година откри лица фантоми, недомаќинско работење и трошење без мерка на хотели, бензин и кафеани. Вработните се возеле со такси надвор од работното време, не се знаело каде им се книгите од преводите на стручна литература, вработувале фантоми кои на граѓаните им потрошиле речиси 200, 000 евра за плати, а никогаш не дошле на работа. 

Хаос, незаконие и недомаќинлук во МОН

Ревизијата е извршена од 1 март до 30 март оваа година, а извештајот е објавен вчера на интернет страната на Државниот ревизор. Ревизијата го опфаќа работењето на министерот Абдулаќим Адеми и претходникот Спиро Ристовски кој сега му е заменик министер.

Според наодите на ревизорите минатата година во Министерството се ангажирани 62 лица по договор на дело. За извршување на работи и работни задачи во кабинетот на министерот, министерството ангажирало  49 лица со кои склучило договори за дело во континуитет од повеќе години.

Во мај 2015 од Министерството за финансии добиена е согласност за трансформација на работен однос за неопределено време за 23 лица, чиј работен однос ќе се трансформира во 3 фази и тоа во мај и ноември 2015 и септември 2016 година.

„Останатите 26 лица без добиена согласност од Министерството за финансии за обезбедени средства, продолжуваат со работа во кабинетот на министерот, без јасно и прецизно дефинирани обврски и работни задачи за кои во текот на 2015 исплатени се 70.900 евра (4.361.000 денари)“, пишува во Ревизорскиот извештај.

Фантоми вработени – земале плата, а никој не ги видел 

Ревизорите не добиле докази и документи за реалноста и објективноста на направените расходи за исплатени плати за 7 административци, ниту пак за висината на хонорарите на 39 лица ангажирани со договори за дело. Не се водела никаква контрола кога доаѓале и кога си оделе од работа хонорарците, ниту пак поднесувале извештаи за нивната работа.

„Имајќи во предвид дека дел од овие лица се во редовен работен однос кај друг државен орган, а министерството нема докази за нивниот работен ангажман, ревизијата не се увери во исполнувањето на нивните работни задачи и обврски за кои се ангажирани“, открија ревозорите

Ангажирањето на овие лица е спротивно на законот и во 2015 година за нив се потрошени 173.000 евра.

За потребите на Проектот за изградба и опремување на 145 училишни спортски сали, без добиена согласност од Министерството за финансии за обезбедени финансиски средства, ангажирани се 13 лица со кои се склучени договори за дело за период од 5 години.

„На име бруто плата за проектната единица во 2015 година од сметката на основен буџет исплатени се вкупно 6.330.000 денари (103.000 евра)“, пишува во ревизорскиот извештај.

Од извршениот увид во договорите, објавените огласи и доставената документација од страна на кандидатите, ревизијата констатира дека дел од избраните кандидати се избрани без објавување на оглас, а дел не ги исполнуваат условите предвидени во огласот од страна на министерството.

Се пиело и се јадело без мерка, се спиело во хотели со 5 звезди

Во 2015 година министерството на чело со Абдулаќим Адеми направило расходи во износ од 203.000 евра без поткрепувачка документација и тоа за:

  • Хотелско сместување за вработени и гости од странство исплатени се 14 000 евра без патни налози,покани за гостите, агенда за настаните, а од нив 11.500 евра се платени за сместување во хотели од 5 звезди.
  • 3900 евра се потрошени за такси превоз од кој најголем дел е користен од страна на вработените надвор од работното време
  • 88000 евра се потрошени за гориво без точно да се наведе за кои возила и со која намена
  • 83 000 евра се потрошени во ресторани и угостителски објекти, без доказ за видот и намената за која услугата е извршена.

Во ревизорскиот извештај е објавено и дека лани се исплатени 383 000 евра по основ на камати за ненавремено подмирување на обврските, а за правосилните одлуки одлеани се буџетски средства по основ на трошоци по извршни исправи во износ од 50 000 евра.

Преводи на стручна литература: потрошиле 8 милиони евра, а не знаат каде им се книгите

Проектот „Превод на 500 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија и од областа на правото во Франција и Германија“ е еден од оние, заедно со оној за превод на класици, со коишто оваа власт се гордее, а премиерот Груевски често може да се види на сите промоции на овие дела. Ревизијата утврдила дека за овие книги не се води евиденција за примени и издадени книги.

Исто така, тие забележуваат дека во склучените договори за примопредавање на книгите на одредени институции не е наведена вредноста. Една од посериозните забелешки е дека Министерството единствено водело евиденција и склучувало договори за предавање на книгите со министерствата, но не и со други институции, како на пример Универзитети и слично кои ги добиле на крајно користење. Оттука ревизорот заклучил дека на добар дел од книгите им нема траг каде се.

knigiii-1-650x396
Никола Груевски на промоција на книги со Спиро Ристовски, заменик министер за образование

 

Абудалаќим Адеми Државен завод за ревизија Министерство за образование незаконско вработување ресторани Спиро Ристовски хотели
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.