Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министрите на ЕУ ќе решаваат за преговори со Македонија

0
By Нова ТВ on March 24, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министрите за надворешни работи на Европската Унија се очекува денеска да ги одобрат заклучоците донесени на амбасадорско ниво (КОРЕПЕР) со кои е дадено зелено светло за почеток на преговори за членство со Северна Македонија и со Албанија. Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ ги усогласиле деталите околу препораката ЕУ да отвори преговори со двете земји, наводно без дополнителни услови за Македонија, но не и за Албанија, што според дипломати, таа разлика се должела на ставовите на земјите членки. Поради состојбата со коронавирусот, министрите нема да заседаваат во Брисел, туку да се „состанат“ преку видео-конференциска врска.

Што е можно побрзо

Според агенцијата „Ројтерс“, но и домашни медиуми кои имале увид во заклучоците, КОРЕПЕР препорачува дека „првата меѓувладина конференција би требало да се свика што е можно побрзо“.

„Во светло на напредокот постигнат во реформите и исполнувањето на условите поставени од Советот во јуни во 2018 година, со усвојување на препораките на Европскиот совет, Советот одлучи да отвори преговори со Северна Македонија. Првата меѓувладина конференција би требало да се свика што е можно побрзо, откако Советот ќе ја усвои преговарачката рамка. Советот ја повикува Комисијата да продолжи да го мониторира напредокот и услогласувањето во сите области од условите идентификувани од Советот во јуни 2018 година“, се вели во заклучоците на КОРЕПЕР.

Меѓувладината конференција го означува формалното отворање на поглавјата, а претходно треба да биде изготвена преговарачка рамка, која исто така треба да биде усвоена од страна на земјите членки.

По макотрпни преговори, сите 27 земји членки се согласиле дека предложената обновена методологија на Европската Комисија за пристапните преговори е задоволувачка и дека реформскиот прогрес на Северна Македонија е доволен за да се отворат преговорите за членство во Европската Унија. Дипломат од земја членка на ЕУ објаснил дека амбасадорите добиле јасни инструкции од своите министри и влади во текот на преговорите што се водеа во Брисел изминатата година, така што не се очекуваат изненадувања во текот на денешниот ден.

Доза на воздржаност

Иако не се очекуваат изненадувања, по разочарувањето што во минатиот октомври го доживеаја Северна Македонија и Албанија, засега никој не сака да прогнозира дали може да се случи промена на одлуката, усогласена на амбасадорско ниво. Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, пред неколку дена соопшти дека почетокот на преговори на земјава со ЕУ е извесен и дека претставниците на земјите членки на ЕУ изградиле согласност. Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, беше повоздржан во давањето оценки.

„Должни сме кон народот да бидеме внимателни да чекаме да се заврши целосно работата, пред да ги упатиме пораките“, изјави Димитров.

Тој се осврна и на условите во кои ќе заседаваат министрите.

„Многу е тешко кој било од министрите на земјите членки да присуствува во Брисел на 24 март. Правниците на ЕУ разговараат како тоа да се организира, дали можат сите да бидат на видео-врска и се надевам дека ќе се донесе правилна одлука. Мислам дека ЕУ ќе згреши многу ако прати сигнал дека е толку оптоварена со здравствената криза, што не може ништо друго да прави. И ќе биде многу важно по толку многу работа и толку многу напор, кога сме на чекор до тој заеднички успех, да се најде начин да се одржи на 24-ти март тој состанок“, изјави Димитров пред пет дена.

Амбасадорите се единствените кои сè уште се сретнуваат физички во ЕУ, министрите и лидерите на земјите членки на ЕУ веќе неколку недели поради пандемијата на коронавирусот одржуваат исклучиво видео-состаноци.

ЕУ Македонија преговори Совет на министри членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.