Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мировната награда на Вестфалија за премиерот Заев-големо признание за нашиот народ и татковината

0
By Mirjana on August 28, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Миротворците од Преспа- Зоран Заев и Алексис Ципрас, се запишаа во листингот на оваа Меѓународна награда на која се сместени и имињата на поранешниот чешки претседател Вацлав Хавел, на поранешниот германски канцелар Хелмут Кол, на Курт Масур-врвната диригентска палка, на екс хашката обвинителка Карла Дел Понте, екс Генералниот секретар на ООН,  Кофи Анан, на екипажот на Меѓународната вселенска станица, на прибалтичките држави и многу други..

„За својата дипломатска умешност во спорот околу името Македонија, актуелниот премиер Зоран Заев и поранешниот на Грција, Алексис Ципрас се одликувани со Мировната награда на Вестфалија за 2020 година. Двајцата одликувани постигнаа спогодба во деценискиот спор околу името „Македонија“  со „врвна дипломатска вештина“. Без премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев и екс премиерот на Грција, Алексис Ципрас „спорот околу името уште долго немаше да има крај и кавгата меѓу соседите и натаму ќе го дестабилизираше целиот балкански регион“.

Ова беше дел од образложението кое пред година и пол го претстави Меѓународното жири на „Мировната награда на Вестфалија“ предводено од претседателот на Економското здружение на Вестфалија и Липе, Рајнхард Цинкан кое од 1998 година, се појавува како донатор на оваа престижна награда.

Поради пандемијата, церемонијата на доделувањето на наградата во градот Мунстер, се одложи за една година подоцна, односно за денеска, но тоа воопшто не ја наруши совршената организација на настанот која наликуваше како да се одвива по беспрекорно изработено филмско сценарио, на кое режисерите додале  поприлично аристократска атмосфера, за да ја долови врвноста во име на која , се доделува ова признание-МИРОТ и ПРИЈАТЕЛСТВОТО.

Миротворците од Преспа- Зоран Заев и Алексис Ципрас, се запишаа во листингот на оваа Меѓународна награда на која се сместени и имињата на поранешниот чешки претседател Вацлав Хавел, на поранешниот германски канцелар Хелмут Кол, на Курт Масур-врвната диригентска палка, на екс хашката обвинителка Карла Дел Понте, екс Генералниот секретар на ООН,  Кофи Анан, на екипажот на Меѓународната вселенска станица, на прибалтичките држави и многу други..

Наградата на двајцата лауреати им ја додели претседателот на Латвија, Егилс Левиц, како претставник на трите балтички земји кои оваа награда ја добија за 2019 година. А на свеченоста преку видео врска се обрати актуелниот премиер на Северна Рајна Вестфалија Армин Лашет, кој е и претендент во трката за иден канцелар на Германија.

Согласно традицијата при доделувањето на Меѓународната награда за мир на Вестфалија, градоначалник на Мунстер, Маркус Леве пред своите сограѓани ги претстави годинешните лауреати, поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас и актуелниот на Северна Македонија, Зоран Заев.

-Им благодарам на граѓаните на Мунстер за топлиот дочек и за аплаузите, Европа добро ги препознава балканските иницијативи кои на светот му носат пријателство и мир, напиша на фејсбук премиерот Заев.

Наградата на Вестфалија за мир се доделува секои две години, почнувајќи од 1998 година. Одликувањето го одржува во живот споменот на Вестфалскиот мировен договор, склучен во 1648 година во Минстер и Оснабрик. Историскиот договор го запечати крајот на Триесетгодишната војна  која траела од 1618 до 1648 година.

За Договорот од Преспа, премиерот на Северна Македонија и поранешниот премиер на Грција, лани ја добија и Хесенската награда за мир.

М. Трпческа

 

Вестфалија Заев награда Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.