Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски ги нападна опозицијата, СЈО и медиумите

0
By Нова ТВ on October 16, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СДСМ покажаа дека се алчни за власт и моќ преку безидејната екипа која го гледа само личниот и партискиот интерес, рече првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ на митингот кој денес се одржа во салата “Борис Трајковски” во Скопје.

Во својот како и секогаш долг говор, Груевски ја нападна најголемата опозициска партија како “куп на деструктивци и манипулатори” кои “едно денес едно зборуваат а утре друго прават”

Според него, СДСМ не нуди алтернатива и покажува дека партијата, по 10 години откако беше поразена на избори, “не само што не напредувала туку назадувала”.

Потоа следеше напад на новата шефица на информативната програма на МРТВ Санта Аргировска. Груевски не се колебаше да навредува и ја нарече “мизерија”.

Според Груевски најпоразително било што СДСМ во овие 10 години зборувале дека нема слобода на медиуми и кодошеле за да се најде државата во што полоша меѓународна позиција, ги активирале “сите невладини организации, лажеа и клеветеа со сите сили и во тоа во голема мера им успеа, за тоа ги бива, слободата на медиуми стана една од клучните забелешки на ЕУ”, рече Груевски. И додаде дека наместо непартиски и професионален човек, промена што ќе изненади, СДСМ ја именувале Санта Аргирова, поранешна шефица на кабинет на Илинка Митреба која во тоа време на потпретседател на СДСМ:

“Толку од независното новинарство на СДСМ. Сите платени новинари потрчаа оваа мизера да ја вадат од кал и така си го покажаа лицето”.

Потоа следеше на напад врз СЈО.

Според Груевски,СЈО е формирано со добра намера но “тие луѓе се очевидни поддржувачи на СДСМ” и “главен инструмент на Заев за доаѓање на власт”, вели екс премиерот.

Пет пати, едно по друго, Груевски повтори дека на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата и се потребни 63 пратеници на овие избори.

Нивните прес конференции, според Груевски, се “спектакуларни без ниту еден валиден доказ” и тие “допрва планираат да станат актери во оваа кампања со канење на распити на кои однапред ќе бидат поканети медиумите на СДСМ”. Груевски е уверен дека СЈО ќе испраќа отсега уште повеќе покани за суд и прес конференции.

На крајот на говорот Груевски рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите и пет пати, едно по друго, повтори на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата и се потребни 63 пратеници “што ќе значи силна порака за стабилна и сигурна Македонија”.

Груевски изјави исто така дека СДСМ нема поддршка од народот и “ќе сторат се да не дисквалифицираат и ќе се обидат не ги признаат изборите”. И ги предупреди неговите поддржувачи дека Заев ветува не само двојазична држава туку цело редизајнирање на државата.

На крајот повика прекинат поделбите, вети дека ако дојде на власт нема да има реваншизам и најави големо присуство на терен во предизборието.

ВМРО-ДПМНЕ Груевски митинг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.