Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Митревски: Половина од оние што протестираат не се членови на Синдикат

0
By Нова ТВ on January 9, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 9, 2017 16:09

Пред ССМ е собрана група од триесетина лица од кои половината не се ниту членови на ССМ и се пуштени од некои други структури, рече денеска на прес конференција Живко Митревски.

„Обидот за насилен упад во ССМ беше спречен благодарение на функционирањето на правниот систем. Дефинитивно е утврдено дека решението на техничката министерка Ременска било фалсификувано, дека не се спроведувани процедурите и дека не е направена постапка, а 13 од 17 грански синдикати јасно укажаа дека не учествувале нивни претставници, ниту, пак, била направена постапка. Решението е поништено од страна на Министерството за труд и социјална политика и никогаш во Централниот регистар не било избришано името на легитимниот претседател на ССМ Живко Митревски – рече Митревски.

Тој ги обвини претседателите на четирите исклучени грански синдикати од ССМ дека направиле криминал и оти само на име на неплатена членарина во последните две години го оштетиле Синдикатот за повеќе од 15 милиони денари.

Попладнево стотина лица протестираа пред ССМ и бараа разрешениот претседател Митревски да им дозволи да влезат во зградата на синдикатот.

Состојбите во Сојузот на синдикати на Македонија почнаа да ескалираат откако претседателот Живко Митревски беше разрешен од должноста со гласање на претставниците на гранковите синдикати-членки на Сојузот. Потоа Централниот регистер одбиваше да го впише новото раководство на чело со в.д. претседателот Дарко Димовски и покрај решението кое во тоа време го издаде Министерството за труд и социјала под раководоство на Фросина Ременски. Но во четвртокот новиот министер од ДУИ го поништи решението, а ноќта кон Бадник во пет наутро обезбедување најмено од Митревски влезе насилно во просториите на синдикатот и ги избрка синдикалците кои со денови седеа во холот во зградата, а тројца заедно со Димовски завршија во болница.

протести Синдикат ССМ членови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.