Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Има разговори за датумот за избори, но не и договор

0
By Нова ТВ on May 27, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека датумот за одржување на изборите треба да се донесе со консензус. Не потврди дека 5 јули е можен датум за избори околу кој би се согласиле политичките партии, но рече дека има канали за разговори меѓу нив. Повтори дека ставот на партијата е оти здравјето на граѓаните е најважно и дека избори треба да се одржат кога тоа нема да биде загрозено.

Нашите позиции поврзани со предвремените парламентарни избори, рече тој, македонската јавност ги знае, како и нашата позиција дека компромис треба да се постигне за интересот на граѓаните и државата, но не по цена  на здравјето на граѓаните.

„Канал на комуникација постои. Јас не би сакал дополнително да коментирам во врска со каналот за комуникација кој постои бидејќи, како што реков, не сме сите исти и не се занимаваме сите со ваков тип брифинзи. Доколку има договор и кога ќе има договор ние ќе и го соопштиме на јавноста“, рече Мицкоски на денешната прес-конференција.

Датумот, посочи тој, треба да биде одреден во консензус на сите политички парии кои седеле на маса уште при првата лидерска средба што била свикана на негово барање, без разлика што во меѓувреме содржината на масата се изменила и дел од тие кои беа на таа маса сега се во коалиција.

„Ние стоиме на тој принцип и не бегаме од него. Исто така, стоиме на принципот дека секоја вонредна состојба е потребно да се носи со консултација со политичките партии, иако за време на втората одлука за вонредба состојба тој принцип беше напуштен од страна на Владата и претседателот Пендаровски“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека вонредната состојба му послужила на Зоран Заев да донесе нова уредба да се обиде да ги поткупи граѓаните и нивната поддршка за изборите.

Прашан дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на избори ако Владата одлучи да ги организира на 21 јуни, како што најавува доколку не биде постигнат договор, Мицкоски истакна дека партијата нема да учествува во таков изборен процес.

„Ние сме го кажале нашиот став по тоа прашање. Консензус треба да има. Кога е носена уредбата немаше консензус бидејќи нашиот претставник во ТВ беше воздржан и не ја поддржа истата уредба. Ако тие ценат дека така треба да менаџираат со државата тогаш нека им е со среќа изборниот процес“, рече Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ датум избори консензус Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.