Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница донел одлука на 22 и 23 декември во Валандово да се одржи 16-тиот вонреден конгрес на партијата.
Како што кусо информираше генералниот секретар на партијата, Христијан Мицкоски, Централниот комитет донел одлука и за бројот на делегати – 544, чии имиња по завршувањето на седницата ќе будат објавени на веб-страницата на партијата.
Инаку, на седницата на Централниот комитет 100 членови гласале за вонреден конгрес за избор на нов претседател на 23 декември, 1 бил против и десет биле воздржани.
Според информациите, рокот за кандидатури почнува да тече од денес и ќе трае се до 21-ви декември до 15 часот. Кандидатурите се поднесуваат во архивата на партијата од страна на заинтересираните кандидати или од нив овластени лица.