Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски на Илинден: За Република Македонија не правиме компромис

0
By Нова ТВ on August 2, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 2, 2018 17:41

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од партискиот собир во  струшкото село Ташмаруништа упати порака дека денес народот живееме една скапа слобода испишана со човечки жртви која мораме задолжително да ја сочуваме, а тоа пред се зависи од нас.

– Илинденците ги поставија темелите, нивните наследници партизаните продолжија со градба, наша должност е да ја зачуваме оваа држава која е составена од човечки судбини, страдања и премрежја, наша должност кон нашите предци илинденците и тие пред нив и тие по нив партизаните е да изградиме иднина на која тие би се гордееле, а тоа е слободна, независна и просперитетна Република Македонија, рече Мицкоски.

Коментирајќи ја актуелната политичка состојба во земјава Мицкоски рече дека премиерот и владата, како што кажа, „силно се удираат во гради“ дека биле за ЕУ, а дека сите останати што не ја споделуваат, како што ја нарече „нивната капитулација“ не се за ЕУ. Според Мицкоски повиците за сплотеност и обединетост од власта се само зборови, а делата се сосема поинакви.

– За каква сплотеност се работи кога на сила без консултации туркаат референдумско прашање за смена на името, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, говорењето за ЕУ не го прават човек европеец туку делата, посочувајќи дека во ЕУ најблиските соработници на премиерот не си делат милионски тендери, нема случаи како аферата криминални иновации.

Тој подвлече дека неговата партија е за вистинска ЕУ со сите вистински вредности и можности кои ги нуди.

– Не можат да го сокријат ниту еден од апологетите кои секојдневно критикуваат, спинуваа, сеат невистини и магли, шпекулации дека еве ќе сум променил став, ќе сум потклекнел на притисоците доколку ги имало, дека сум бил маша на политиката. Не можат да го сокијат ниту оние злонамерници коишто не му мислат добро на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија. Критикуваат, лажат, измислуваат, конструираат, а се со една цел, како капитулацијата да ја претстават како триумф, лагата да ја претстават како вистина, а шансата да ја претстават како избор помеѓу иднина или изолација, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ упати порака, до како што рече, сите оние кои велеа дека во изминатиот период партијата имала млаки ставови посочувајќи дека ќе ги демантираат секој ден се додека не сфатат дека жестоко ги потцениле.

– Ние во оваа битка не влеговме за да коленичиме пред канцелариите и да реализираме некаков интерес или некакво место во извршната власт, рече тој додавајќи дека за Република Македонија немаат намера да прават компромис.

Илинден, додаде, можеби е најважниот камен темелник на Република Македонија врз кои е изграден нашиот заеднички дом на сите нас, на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Бошњаците, Власите, и сите останати.

– Тоа што е втемелено пред 115 години никој не може да го избрише, рече Мицкоски во Ташмаруништа.

говор Илинден Мицкоски Ташмаруништа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.