Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски на средба со Вучиќ се пожалил од домашната власт

0
By Нова ТВ on February 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во Белград, заедно со потпретседателот Александар Николоски, се сретнаа со Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.

Како што соопштува ВМРО-ДПМНЕ, тие размениле мислења и ставови за повеќе актуелни теми врзани со регионалните предизвици, начините за интензивирање на соработката и стратешките интереси на двете држави.

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски посочи дека водењето на добрососедска политика, меѓусебното разбирање и почитување базирано на принципи и вредности преставува трајна добивка за регионот, а за тоа клучни се интензивните контакти и широко подадената рака за пријателство. Мицкоски посочи дека Република Македонија и Република Србија споделуваат повеќе заеднички вредности, но и предизвици поврзани со членството во НАТО и Европската Унија и дека тука е потребна соработка и размена на искуствата како и еден отворен и транспарентен пристап од двете страни“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски посочил и дека, за градење на мостови на соработка, иднината на Балканот е во прогресивните политичари кои умеат да ги заштитат државните интереси и да придонесат за градење на интегрирани општества.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го информирал Вучиќ и за состојбата во Република Македонија, при што изразил загриженост за недостатокот на демократски капацитет на Владата за издржан дијалог, опасноста од политичкиот терор кој се спроведувал врз политичките неистомисленици, како и немањето на сериозен концепт за важните прашања од сферата на надворешната политика каде клучно е заштитата на државните и национални интереси.

Мицкоски додал дека наметнувањето на теми како Законот за јазици, немањето на концепт за економски развој, немањето на реформски правец и поразителните економски резултати придонесуваат за слабеење на стандардот на граѓаните, нешто што според него, ја влече државата наназад, и ја оддалечува од стратешките интереси за членство во НАТО и ЕУ.

Мицкоски и Николоски остварија средби и со хрватскиот премиер и лидер на ХДЗ, Пленковиќ, и словенечкиот лидер на СДС и поранешен премиер Јанес Јанша.

Александар Вучиќ ВМРО-ДПМНЕ средба Христијан Мискоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.