Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Повисоки просечни плати и пензии, инвестиции, пониски даноци

0
By Нова ТВ on February 8, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција презентира дел од програмата на партијата за следните предвремени парламентарни избори во делот на економскита политика. Најави дека партијата се обврзува да обезбеди повисоки плати за граѓаните за 25 проценти, зголемување на пензиите за 20 проценти, односно над 3.000 денари, повеќе инвестиции, најави рамен данок кој ќе падне до 8 проценти, итн.

„Ова, пред се, ќе биде економска обнова, обнова заоснована на економски темели за кои најважен услов ќе биде правдата. За да имаме развој ни треба повеќе во економијата, почитување на законите и повеќе во стандардот кај граѓаните“, рече Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, се обврзува за обнова која ќе овозможи зголемување на просечна плата во државата за минимум 25 проценти во еден мандат.

„Ќе пораснат платите за минимум 25 отсто во наредните четири години. Тоа ќе значи повеќе пари за работниците или во просек за 6.500 денари повеќе од просечната плата што е исплатена во декември во 2019 година“, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека тие ќе овозможат зголемување на просечната пензија на пензионерите за минимум 20 проценти во еден мандат или повеќе од 3.000 денари повеќе за секој пензионер.

„Се обврзуваме во првите 100 дена, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да го промени Законот за пензиско и инвалидско осигурување и согласно новото законско решение, пензиите ќе се прилагодуваат по два основа, порастот на трошоците за живот и просечниот раст на нето платите“, рече Мицкоски.

Опозициската партија најавува драстично намалување на невработеноста под 10 отсто, нула персонален данок за млади до 29 години што ќе значи ослободување од персонален данок за вработување на млади до 29 години кој имаат годишен нето приход до 6.500 евра.

„Дополнително, преку градење на модерна иновациска инфраструктура која подразбира отворање на иновациски центри, бизнис инкубатори и акцелератори, научни и технолошки паркови, ќе им овозможиме на младите и креативни луѓе целосна поддршка во реализација на нивните бизнис идеи. Ние сме силно убедени дека Македонија има млади талентирани луѓе кои имаат силни претприемачки и иновативни идеи и затоа ќе работиме на создавање најповолни услови за искористување на нивниот потенцијал“, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави повеќе пари за стопанството и бизнисите.

„Ќе паѓаат даноците, а тоа значи повеќе пари за стопанството и граѓаните. Целосно ќе го напуштиме концептот на прогресивен данок и ќе воведеме рамен данок до 8 проценти. Ќе стартуваме со 10 отсто од кој за 1 отсто ќе имаме намалување во првите 100 дена, што значи рамен данок од 10 на 9 отсто, а во период од две години уште за дополнителен еден процент ќе дојдеме на 8 отсто“, рече Мицкоски.

Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат, исто така, нов модел на реиндустријализација, што значи нов економски модел кој ќе биде базиран на модерна реиндустријализација и зголемување на извозната конкурентност на македонската економија.

„За таа цел планираме да понудиме конкретни мерки за поддршка на домашните компании во нивното технолошко и организациско унапредување, изградба на мрежа на извозни промотори за домашните извозни компании и промотори за привлекување на странски директни инвестиции, реформа на Македонската банка за поддршка на развојот во Македонско извозно развојна банка која ќе обезбеди поволни кредити и извозна поддршка за домашните компании и субвенционирана камата за развој, ќе ја редефинираме програмата за странски инвестиции со цел привлекување на компании со најголем потенцијален бенифит за македонската економија“, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави нови четири милијарди евра домашни и странски инвестиции за еден мандат, односно повеќе поддршка од државата за домашната економија и компании и привлекување на странски директни инвестиции преку реформиран модел кој ќе биде привлечен за светски големи компании.

„Можам да кажам дека веќе водиме разговори со неколку големи европски компании кои се одвратени поради корупцијата, беззаконието и лошата бизнис клима во овие три години да инвестираат во државата. Чекаат и тие поволна клима по 12 април да започнат со инвестирање“, рече Мицкоски и најави раст на БДП за минимум 4 отсто на годишно ниво.

Најави повеќе од 90 отсто реализација на планираните капитални државни инвестиции годишно, внимателно планирање и испорака на тоа што е испланирано.

„Сега имаме историско најниско ниво кое се движи околу 69 проценти и тоа после ребалансот на буџетот. Над 90 проценти реализација на капитални државни инвестиции подразбира повеќе работа во градежништвото, повеќе работа во трговијата и повеќе бизнис за претприемачите“, рече тој.

За да имаме подобра бизнис клима, вели Мицкоски, мора да го подобриме економскиот рејтинг на државата што подразбира не само економски и институционални мерки, туку и борба против корупцијата и криминалот.

„Затоа се обврзуваме Македонија да се искачи во топ 10 на листата на „Дуинг бизнис“. Денеска за жал сме 17-ти. Се обврзуваме Македонија да влезе во првата третина на листата на Светскиот економски форум „Давос“ за најразвиени економии, сега сме 84-ти од 140. Се обврзуваме Македонија да влезе во првата четвртина на листата на „Форбс“. Сега сме на 68-то место од 161 земја“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во изработката на овие мерки и проекти свој придонес дале стратешките соработници, универзитетски професори, експерти од странство од различни области, комисиите во ВМРО-ДПМНЕ, а клучниот сегмент беше мислењето и потребите на граѓаните и стопанството. Мицкоски, кој рече дека граѓаните се презаситени од политика, најави серија прес-конференции на кои ВМРО-ДПМНЕ ќе промовираат мерки и решенија што ќе бидат дел од обновата, а кои ќе овозможат повеќе за секого.

ВМРО-ДПМНЕ избори програма Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.