Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Република Македонија влегува во криза

0
By Нова ТВ on October 13, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 13, 2018 16:00

„Република Македонија влегува во општествена, економска и политичка криза“ со оваа констатација, претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски го започнува своето видео обраќање кое го испрати до до јавноста. Партискиот претседател, вината за ваквата ситауција ја лоцира во власта за која ќе каже дека е „неспособна да  управува со политичките процеси, да испорача резултати кои ги вети и кои се потребни на граѓаните, и ја втурна државата во поголема и поопасна криза“.

За процедурата за уставни измени  Мицкоски вели дека е „насилие“, затоа што народот на референдум се изјаснил против Договорот со Грција.

„Власта се труди да ја поништи волјата на граѓаните. Продолжуваат со процедурата за уставни измени, и покрај тоа што народот се изјасни против договорот со Грција. Ова се вика насилие. Процесот кој го раководеше лично Зоран Заев се удира во ѕид, и додека тоа се случува одново се лиферуваат нови лаги. Па така Премиерот вчера ќе го слушнеме како името Македонија било заштитено, во исто време додека истата таа влада поднесува амандмани со кои 288 пати го брише името Македонија во Уставот, и го заменува со ново име договорено со јужниот сосед.

Уште еднаш потсетувам дека Владата, Собранието и секој еден пратеник ја има одговорноста да работи и дејствува согласно волјата на народот. А волјата на народот е јасна и недвосмилено изразена на референдумот. ВМРО-ДПМНЕ е против овој договор и така ќе остане. Изворот на кризата која сега се случува не е отфрлениот договор со Грција, не е ниту пропаднатиот референдум, туку самата власт и Зоран Заев кои мора да си одат “ вели Мицкоски во видео обраќањето.

Со ваквиот настап на Претседателот на ВМРО ДПМНЕ се чини дека нема повеќе простор за договор меѓу власта и опозицијата за да започне  постапката за менување на Уставот.

Мицкоски ја обвинува владата и дека го користи Договорот со Грција како параван за да го изврши „грабежот на деценијата“

„ Кризата не е пречка да продолжат тендерите за луѓето од власта, да има 5.3 милиони евра во 4 очи за тендер за учебници кои еве гледаме се одвива во неколку нови продолженија, да се случуваат крвави тендери во здравството, криминални иновации, оние трагикомични тендери за лубриканти од 1.5 милиони евра, кои владата ги преставува како борбата за здравјето на граѓаните, а во исто време болните чекаат за инсулин во болниците, а во операционите сали нема ниту завој за преврска. Бизнисите на фамилијата на власт стануваат се поголеми, додека приходите на обичните граѓани се се помали. Велеа дека биле за правда, но власта освен тоа што прави политички прогон, бега од предлогот за нова обвинителска институција која вистински ќе се бори против криминалот и корупцијата, а бега, бега затоа што криминалот е во самата власт“ вели Мицкоски.

Од СДСМ одговорија дека со вакви настапи Мицкоски останува пион на Никола Груевски.

„Христијан Мицкоски пропушти уште една шанса да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните измени коишто го гарантираат македонскиот идентитет и го отвораат патот кон ЕУ и НАТО. Со однапред снимени обраќања Мицкоски бега од јавноста и од одговори за неговите обиди за кочење на македонската иднина. Со тоа, Мицкоски пропушти шанса да застане на страната на иднината и напредокот и остана заробен во минатото на изолација и уназадување.

Мицкоски останува пион на Никола Груевски кој по секоја цена сака амнестија за неговиот претходник.Очигледно дека Мицкоски би посакал и криза за да може да се пазари за амнестија за Груевски. Нема да има амнестија, ниту ќе има криза, пишува во соопштението од СДСМ.

Од СДСМ додаваат дека доколку „Мицкоски продолжи со блокада само за да обезбеди амнестија за Груевски, тогаш единствен начин се предвремени парламентарни избори организирани веднаш.

Вицепремирот задолжен за европски прашања Бујар Османи кажа дека ДУИ се фокусирани на планот А, а тоа е да заврши процедурата во Собрание за уставните измени.

„Тоа го викаме план А, а планот Б е доколку се исцрпат можноси од планот А. Тогаш ќе имаме предвремени избори. Ние сметаме дека 99 отсто од времето, енергијата и нашиот фокус треба да бидат насочени кон планот А и да најдеме начин да собереме двотретинско мнозинство и да ги направиме уставните измени за да продолжиме со скринингот, да продолжиме со членството во НАТО и во ЕУ, кажа Османи.

„Доколку се исцрпат, а јас сум се уште оптимист дека не се исцрпени сите можности се разбира дека може да размислуваме и за планот Б – избори кои што отвораат повеќе непредвидливости отколку ја појаснуваат состојбата, кажа Османи.

Собраниската седница на која ќе се гласа дали ќе се пристапи кон измена на Уставот е закажана за во понеделник. За да се отвори постапката 80 пратеници треба да гласаат „За“.

Мицкоски референдум СДСМ уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.