Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски тврди дека ги поседува сите искази за „Рекет“-од Обвинителството не коментираат

0
By Нова ТВ on September 11, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција рече дека ги поседува сите искази кои повиканите лица ги дале  во Обвинителството за организиран криминал за случајот „Рекет“ и покажа документи за кои тврдеше дека се исказите.

„Свиркачи во ВМРО ДПМНЕ ги донесоа исказите кои што се дадени кај обвинителката која го води предметот „Рекет , наредбите за вештачење и резултатите од вештачењето. Тука моето име го нема, но има имиња на луѓе од власта. Внимателно ќе го набљудуваме развојот на настаните и нема да правиме воајерски шоуа презентирајќи ги овие документи, се додека гледаме дека постои барем минимална објективност во водењето на случајот. Првиот момент кога ќе видиме дека некој сака да ги штити лицата, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги објави сите овие документи на увид на јавноста, рече Мицкоски на прес-конференцијата.

НОВА побара одговор од Обвинителството за организиран криминал, но од таму изјавија дека нема да коментираат партиски прес конференции – туку и натаму ќе постапуваат согласно своите надлежности.

Минатиот месец во јавноста беше објавен дел од исказот на Орце Камчев, кој е сведок во случајот „Рекет“. Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал Вилма Руковска ја потврди веродостојноста само на првата слика  од објавениот записник, но негираше дека во исказот на Камчев биле споменувани политичари.

„Откривањето на доверливи информации од страна на поединци претставува опасност и штета за севкупниот општествен систем и е кривично дело.

Со протекување ваков вид документи се повредува пресумпцијата на невиност, се загрозуваат животи на инволвираните лица и воопшто сe отежнува текот на постапката, рекоа тогаш од Обвинителството и најавија дека ќе истражат како овие документи протекле во јавноста“.

Во меѓувреме, на истиот портал беше објавен дел од исказ кој во Обвинителството го дал друг сведок, но неговата автентичност не се потврди.

Мицкоски Рекет Русковска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.