Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски ветува нов автопат Скопје – Битола и завршување на пругата кон Бугарија

0
By Нова ТВ on February 18, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во пресрет на предвремените парламентарни избори денеска објави дека се обврзува на инвестиции во патната инфраструктура во износ од две милијарди евра. Меѓу тие проекти се изградба на нов автопат од Велес до Битола, довршување на автопатите Кичево – Охрид и Скопје – Блаце, на експресните патишта, како што рече, почнати во време на последниот мандат на опозициската партија, но и нови од Куманово до Крива Паланка, од Битола до грчка граница и од Струмица до границата со Бугарија.

„Се обврзуваме на обнова која ќе донесе автопатско поврзување на Скопје со Битола. Тоа ќе значи градба на нов автопат од Велес преку Прилеп до Битола. Ќе изградиме автопат по кој од Скопје до Битола ќе се патува за час и пол. Ова значи нова патна артерија, нов коридор односно ново автопатско поврзување од Велес, Чашка, Прилеп, се до Битола, кој е од стратешко значење за Пелагонискиот крај и еден милион граѓани“, рече Мицкоски.

Тој ветува нов асфалт и целосна реконструкција на 1.000 километри регионални државни патишта, 300 милиони евра инвестиции во изградба на нови водоводи и канализации низ целата држава, набавка на пет нови возови за подобри услови во железничкиот сообраќај и сериозна модернизација на возниот парк.

„Се обврзуваме на обнова која ќе значи изградба на пруга Битола до Грција и пруга за Бугарија која многупати во минатото беше ветувана, но, конечно, денеска можеме да ветиме дека тоа во мандатот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја завршиме“, наведе Мицкоски.

Ветува дека ќе обезбеди и нови евтини авионски летови до главните европски аеродроми и поврзување со европските центри, како и дека ќе работи на воведување прекуокеански летови до САД за поевтина и полесна комуникација. Обновата, што сака да ја спроведува, опфаќа и како што вели, целосна дигитализација на Катастарот за нулта корупција.

ВМРО-ДПМНЕ инвестиции патишта Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.