Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски за уставните: Нашите црвени линии ги дефиниравме и од тоа не се поместуваме ниту милиметар

0
By Zoran Ivanov on November 27, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, КОЛУМНА, НАСЛОВНА, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ние нашите црвени линии ги дефиниравме. И од тоа ниту ние, ниту кој било ќе се помести, ниту милиметар. Не затоа што имаме какви било причини за да правиме напред или назад, туку едноставно доволно граѓаните на Македонија и македонскиот народ отстапивме, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Нема да бидеме жртва на билатерализација на процесот на приклучување на Македонија кон ЕУ. Ние кажавме што можеме да направиме и тоа е максимумот што можеме да го направиме. И тоа е кажано на сите светски фактори, на сите луѓе коишто одлучуваат генерално или имаат некаква улога во светската политика, потенцираше Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на Александар Николовски дека за уставните измени треба да се убеди Франција и дали има комуникација со франскиот претседател Емануел Макрон.

Потсети дека ние имаме комплетно иста усогласена меѓународна и одбранбена политика со ЕУ.

-Тука е министерот за надворешни работи и надворешна трговија, пред неколку дена потпиша Договор со господинот Борел. Реформите ги водиме комплетно согласно барањата од ЕУ. Работиме се во согласност со ЕУ. Ако ЕУ, сака да биде заложник на некои земји – членки во процесот на билатерализација, во ред, и тоа го разбираме. Нека не остават да си ги завршиме домашните задачи, проблемите дома да си ги решиме. Не сме ние опасност никому, потенцираше премиерот Мицкоски.

Ние, рече тој, само сакаме да не остават дома да си ги решиме проблемите.

Се имаме направено, се што треба направивме. Ако оние мислат дека ние треба дополнително себе да се понижуваме, уништуваме идентитетски, и никогаш да не бидеме таму каде што треба, во ред. Тоа е нивно право. Ги разбираме, во ред. Одлучиле да бидат заложници на луѓе коишто живеат во средниот век, а не гледаат напред. Тоа е нивна одлука. Нека не остават да си ги решиме домашните проблеми. Нас не интересираат инвестиции, повеќе вработени, добро платени вработени. Се ќе се усогласиме согласно европските регулативи. Не сме ние опасност никому. Нема веќе никакво влијание, овде има европско влијание, рече Мицкоски.

Ние сме, рече тој, земја – членка на НАТО и не постои друго влијание.

Ако тие мислат да бидат заложници на вакви политики на поединци во ЕУ, тоа е нивно право. И јас оставам на нив. А ние ќе си ги решаваме домашните проблеми. Повеќе пет месеци нема ниту еден коруптивен скандал, ниту еден скандал каде што гледате Луј Витон ташни со милиони внатре, ниту еден скандал каде што некои мавтаат со европски знаменца, купуваат хотели во центарот на град. Нема тоа. Посветени сме навистина да работиме за граѓаните. Тоа е наша цел, рече Мицкоски.

Премиерот вели „ако мислат дека тоа не е доволно, дека не треба ние да бидеме дел таму според заслуга, туку за нешто се случило во средниот век, тоа е нивно право“.

Еве они одлучиле да бидат заложници на такви политичари, нека бидат. Нека не остават ние домашната задача да си ја завршиме. И пак ќе биде според правилата на ЕУ, не според други правила. Затоа што веруваме, ние веруваме во вредностите каде што се напредува по заслуга, а не на понижување на другите, Мицкоски по посетата на Костал.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
ФОКУС

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

ВЕСТИ October 23, 2025

Градоначалничката Данела Арсовска во објава на социјалните мрежи утрово пишува дека одговорноста за состојбата во…

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025

ЕП усвои резолуција за Србија – оценките за состојбата во земјата неповолни

October 22, 2025
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.