Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицотакис: Наш прв приоритет останува заштитата на човечкиот живот

0
By НОВА ТВ on August 25, 2021 РЕГИОН
Фото: int.ert.gr
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 25, 2021 14:19

Неодамнешните пожари што зафатија повеќе делови во Грција, начините за справување, превенцијата, но и дали беа направени грешки при гаснењето, се во фокусот на расправата во грчкиот Парламент на ниво на лидери на партии, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис детално анализираше со што се соочила земјата, но и кои се следните чекори за избегнување слични катастрофи во иднина, додека пак лидерот на опозициската СИРИЗА Алексис Ципрас ги повтори нивните предлози и упати критики до Владата, не само за пожарите, туку и за политиката што ја следи во другите актуелни прашања во земјата.

Мицотакис истакна дека најважно од сè е што се спасиле човечки животи, истакнувајќи дека тоа беше и останува главен приоритет на Владата, објасни дека во првите денови од август требало да се справат со 1.279 пожари, „речиси 60 на ден, истовремено на многу различни места, а многу од нив, веќе знаеме дека беа производ на потпалување“.

Додаде дека оваа година пожарите имале поразлични карактеристики, а изгореле над 100.000 хектари шумска површина.

-Реалноста е дека, и покрај интензитетот и големината на пожарите со кои требаше да се справиме, ниту едно населено место не изгоре целосно. Па така, ја постигнавме нашата цел да ги заштитиме човечките животи. Ја постигнавме нашата цел да ги заштитиме населените места. Ја постигнавме нашата цел за заштита на клучната инфраструктура, рече Мицотакис.

Грчкиот премиер се задржа и на бројот за итни случаи 112 преку се испраќаа пораки до граѓаните за превентивните евакуации, објасни дека противпожарните сили биле зајакнати, а ја спомена и меѓународната поддршка.

Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас на почетокот од неговиот говор рече дека грчкиот премиер се обидел да даде убедувања дека сè беше правилно направено и „беше провоцирачки, 55 минути, со ставот, со обраќањето, со стилот, Мицотакис да покажува дека ништо не сфатил“.

-Побара да му посочиме каде згреши, па така господинот Мицотакис го повлече лажното извинување што му го кажа на грчкиот народ во часовите на катастрофата. Кога премиерот на земјата по 15 дена доаѓа во Парламентот и се прашува дали била направена некоја грешка и ни бара да му укажеме, тогаш зошто се извини? За кој, за што?, истакна Цирас.

Упатувајќи критики до Владата рече дека паднала на испитот и „за пандемијата, и за пожарите, за општествената кохезија, безбедноста на секојдневието на граѓаните, во заштита на земјата“.

Потенцираше дека „никој премиер не направи толку голема штета во толку мал временски период“.

-Се охрабрувам, господине Мицотакис, дека доаѓа моментот кога ќе има поразлична порака за евакуација од 112. Овој пат нема да биде од Вас до граѓаните, туку од граѓаните кон Вас, порача Ципрас на крајот од неговиот говор.

Расправата во грчкиот Парламент се води на ниво на лидери на политички партии и по завршувањето на првиот, ќе следи и втор круг обраќања.

Мицотакис пожари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.