Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицотакис не му даде поддршка на Ципрас за прашањето за името

0
By Нова ТВ on January 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на најголемата грчка политичка партија Нова демократија, по средбата со грчкиот премиер, ја отфрли можноста да и даде поддршка на Владата за формирање на поширок национален консензус за прашањето со името.

Кирјакос Мицотакис по средбата со Алексис Ципрас упати критики за начинот на кој грчката Влада управува со конкретното прашање. Тој рече дека биле направени отстапки без конкретни и неповратни добивки, а Ципрас наместо да создаде силен национален фронт, на прво место ја ставил партијата и на овој начин „го затвора прозорецот на можност што околностите го понудија да се искористи“.

– Начинот на кој се развиваат преговорите предизвикува сериозна загриженост. Владата веќе направи отстапки без да добие конкретни и неповратни размени за нашата земја. Многу сериозниот пропуст на господинот Ципрас, директно и јавно да го постави прашањето за промена на Уставот на соседната земја, како неопходен предуслов за да постојат какви било преговори, ја ослаби националната линија. Фрагментација на решението на поединечни прашања не може да биде прифатена, затоа што директно ги поткопува интересите на Грција – рече Мицотакис.

Лидерот на опозициската Нова демократија упати остри критики до Ципрас затоа што пред да ги почне разговорите не ги информирал ниту политичките партии, ниту Парламентот, ниту грчкиот народ. Тој оцени дека Ципрас во преговорите влегол без воопшто да обезбеди поддршка од неговиот коалициски партнер, а најлошо од сѐ ги поделил Грците.

– Прашањето со Скопје не е само едно прашање во надворешната политика. Се однесува на нашата национална свест, на нашата историја и на крај и на самиот идентитет на Грците. Го повторувам она што го кажав пред неколку дена – Нема да ги поделиме Грците за да ги обединиме Скопјаните – рече Мицотакис и додаде дека Ципрас решил да чекори сам и му порача сега да не бара алиби или соучесници.

Кусо по изјавата на лидерот на Нова демократија, реагираа од Кабинетот на Ципрас. Велат дека било очекувано оти „Мицотакис ќе го избере полесниот пат на неодговорност“.

– На земјата ѝ е потребна власт решена да го изоди тешкиот пат, да ги одбрани националните интереси, а не лесниот пат кој води до ќор-сокак – коментираат од Кабинетот на Ципрас, по изразениот став на Мицотакис.

Средбата меѓу грчкиот премиер и претседателот на Нова демократија, траеше 45 минути. Мицотакис си замина без да даде изјава пред премиерската палата. Реши тоа да го стори од неговиот кабинет во грчкиот Парламент.

Алексис Ципрас Грција името Кирјакос Мицотакис Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.