Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мизрахи меѓу сонот и јавето

0
By Нова ТВ on February 13, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 13, 2020 10:30

Да имаше малку доблест и мудрост, техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, сама требаше да си поднесе оставка на функцијата, пред да стигне во Собранието предлог од премиерот Оливер Спасовски за нејзино разрешување. Без разлика дали таа ќе биде разрешена или не, овој случај открива како партијата ги јаде своите деца. Нема поилустративна лекција за сите што решиле своите професионални капацитети да ги стават на услуга на партија која негува двојни стандарди.

Легитимно е Рашела Мизрахи да не се согласува со промената на името на државата. Но, во таков случај, не требало да прифати да биде министерка во Владата на Република Северна Македонија, да прима плата од „северџански“ буџет и да дава заклетва пред Уставот на Република Северна Македонија. Едното со другото не оди. Ако таа била лицемерна, двојно повеќе е таков одговорот на Христијан Мицкоски, лидерот на партијата што нејзе ја предложи за техничка министерка: „Ве охрабрувам прашањето за таблата да го упатите до министерката Мизрахи и убеден сум дека ќе добиете вистински одговор“.

Како може Мицкоски да има став за сѐ, но да нема за овој случај? – Зарем Мизрахи сама и неовластено упаднала во Министерството и ја узурпирала највисоката раководна позиција или е таму на предлог на најголемата опозициска партија?

Да е иронија уште поголема, второто излегување пред спорната табла Мизрахи го направи токму на денот кога ВМРО-ДПМНЕ гласаше за ратификација на Северноатлантскиот договор. Што бранеше Мизрахи пред таблата во МТСП – својата наивност или демагогијата на ВМРО-ДПМНЕ?

Мицкоски постојано вели дека ВМРО-ДПМНЕ не ја игнорира реалноста со Договорот од Преспа, но и дека никој во овој демократски свет не може да ги спречи да се обидат да ја сменат неправдата што ни е нанесена со тој договор.

Во ред. И како ќе се смени неправдата? Со тоа што триесет и кусур пратеници од ВМРО-ДПМНЕ гласаат за закон со кој се ратификува членството на Република Северна Македонија во НАТО, а оставаат „битката“ за Република Македонија да ја води една техничка министерка пред некоја табла од стиропор или иверка, толку време колку што трае нејзината прес-конференција. Јака битка.

Не е забрането Мизрахи да биде наивна. Не сме слушнале дека досега била вклучена во партиски тела, веројатно не ги знае ни игрите, ни двојните стандарди, ни бројот на деца што партијата и досега ги пуштила низ вода за свои цели. Ставот „прашајте ја Мизрахи“ е токму тоа, што не говори добро за одговорноста на партијата кон кадрите што ги предложила во пржинската влада. Пред тие да влезат во неа, самата партија објави видео како техничките министри и заменици седат на маса заедно со Мицкоски и во нивните тефтерчиња ги забележуваат последните инструкции пред стапувањето на функција.

И да биде поголем апсурдот, по обвинувањата за односот кон Преспанскиот договор, Мицкоски изјави: „Не можете да им забраните на луѓето да сонуваат. Оставете ги луѓето нека сонуваат и нека се борат да ја исправат неправдата која што мислат дека им е нанесена”.

Што порачува Мицкоски? – Оставете ја Мизрахи нека сонува, нека создава привид дека нашата партија се бори за исправање на неправдата, ние од тоа ќе си собираме изборни поени, а ќе си гласаме за закони за Република Северна Македонија, под тоа име ќе си седиме во Европската народна партија, бидејќи ни таму не можеме да го смениме името, а камоли да го поништиме Преспанскиот договор. Немаме против партијата да ни се финасира од буџетот на Република Северна Македонија, од истиот да добиваме плати, немаме против да седиме во Собранието на Република Северна Македонија. Немаме против Мизрахи да даде заклетва пред Уставот на Република Северна Македонија, да влегува во МТСП на Северна Македонија и да добива плата од таму, но немаме против и ако направи малку ѓурултија со таблата со името Република Македонија.

Не знаеме дали Мизрахи ќе се разбуди од сонот. Не од оној за исправање на неправда, туку од предизборниот партиски сон во кој е еднократно инволвирана, затоа што од партијата во неа препознале потенцијал за Донкихотовски подвизи.

На крајот, ако во МТСП има само една табла со претходното име на државата, избор на Мизрахи е дали ќе застане пред неа или пред бел ѕид. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ еднаш застанаа пред бел ѕид кога други нивни колеги гласаа за уставните измени. Истите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ завчера гласаа „за“ влез во НАТО со името на државата што наводно не го прифаќаа. Ова не е сон. Ова е јаве. Мизрахи, или уште спие и сонува, или од занесеност во таблата не успеа да ја види големата манипулација.

МТСП Рашела Мизрахи табла
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 15, 2026Updated:May 15, 2026

Дописничката од Белата куќа Емили Гудин: Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре уште пред да се качиме во претседателскиот авион

ВЕСТИ May 15, 2026

Официјалната тридневна посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина, која воедно е и прва…

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

May 14, 2026

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.