Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ММФ ја намали прогнозата за глобалниот економски раст за 2021 и го сведе на 5,9%

0
By Mirjana on October 12, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 12, 2021 18:55

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја намали прогнозата за глобалниот економски раст за 2021 година на 5,9 проценти, наведувајќи ја како причина „неизвесноста за тоа колку брзо може да се надмине пандемијата“ на коронавирусот.

Во најновиот извештај Светски економски изгледи, ММФ ја намали за 0,1 процентни поени јулската проекција, делумно поради „напредните економии“ погодени од нарушувања во синџирот на снабдување, што беа влошени од пандемијата во производствените центри во Азија во последните месеци.

Гита Гопинат, директорка за истражување на ММФ, рече дека „глобалното закрепнување продолжува, но моментумот е ослабен“.

ММФ соопшти дека очекува најголемата светска економија, САД, годинава да порасне за шест проценти, со што ќе избрише еден процентен поен од јулските прогнози, а Кина, втора по големина, за осум проценти.

Во Еврозоната ќе има раст од пет проценти, иако очекуваниот раст на Германија од 3,1 проценти, се очекува да заостане зад другите водечки земји-членки Франција и Италија, каде растот ќе биде најверојатно околу шест проценти.

Помалку развиените земји најверојатно ќе забележат намален раст поради, според ММФ, „големата поделба во вакцините“ и „големите разлики во поддршката на политиката“ за фискалните трошоци потребни за да се компензира влијанието на ограничувањата на пандемијата и да се рестартираат економиите.

Со многу повеќе луѓе вакцинирани во богатите нации отколку во други земји, Гопинат предупреди за „опасна дивергенција“ во изгледите за раст меѓу напредните и економиите со помалите приходи.

Според ММФ, „агрегатниот аутпут“ во напредните економии треба да се врати на својот „пред-пандемиски тренд во 2022 година и да го надмине за 0,9 проценти во 2024 година“.

Како и да е, пазарите во развој и економиите во развој се очекува до 2024 да се намалат за 5,5 проценти во однос на предвидувањата пред пандемијата, што ќе ги врати очекуваните „подобрувања на животниот стандард“.

2021 за светски раст ммф ја намали прогнозата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.