Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мнозинството Грци не поддржуваат решение со терминот „Македонија“

0
By Нова ТВ on February 5, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 5, 2018 12:48

За 65 отсто од Грците, прашањето за името на нашата земја лично е многу важно, а 71.5 отсто не би прифатиле име кое би го содржело терминот „Македонија“. Ова го покажува истражувањето на јавното мислење на фондацијата Елиа Меп, спроведено од 23 до 25 јануари годинава.

На прашањето, колку проблемот поврзан со името на ПЈРМ е важано за нив лично, 65 отсто од анкетираните се изјасниле дека е многу важно, за 16,5 остот на некаков начин е важно, за 8,5 отсто малку е важно, а за 9,5 отсто воопшто не е важно.

Во врска со тоа кое име за соседната земја е лично прифаливо, 71,5 остото од анектираните одговориле дека не прифаќаат име што би го содржело терминот „Македонија“, за 22,5 истот е прифаливо сложено име, додека 6 проценти немаат став за ова прашање.

Фондацијата за споредба ги наведува податоците од анкетата од пред една две години, кога 57% се изјасниле против терминот „Македонија“ да биде во името, 38% биле за сложено име, а 5% немале одговор на ова прашање.

Во однос на тоа на чија страна се обидите на НАТО, ЕУ, Германија, САД, Русија и ОН, за решавање на ова прашање, најголем број од анкетираните 38,5% се изјасниле дека ЕУ ги поддржува двете земји, 32% сметаат дека ЕУ се на страната на Македонија, додека 5,5 отсто сметаат дека ЕУ е на страната на Грција.

Во однос на САД, 5% сметаат дека ја поддржуваат Грција во овој спор, 38% дека ја поддржуваат Македонија и 27% дека САД ги поддржуваат двете земји подеднакво.

Во однос на Русија, 18% од анкетираните сметаат дека тие ја поддржуваат Грција, 20,5% Македонија и 21,5 отсто дека ги поддржуваат двете земји.

За НАТО, 28,5 отсто сметаат дека поддржката е за двете земји подеднакво, 32,5% Македонија, а 7% Грција.

56 отсто од Грците сметаат дека активностите на грчкиот премиер Алексис Ципрас се движат во погрешна, а 26.5 отсто во правилна насока.

За претседателот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, 54 отсто од анкетираните рекле дека неговите ставови се во погрешна, 21.5 осто во правилна насока.

За активностите на министерот за надворешни работи на Грција, 47 отсто рекле дека се движат во погрешна, 26 отсто во правилна насока. За министерот за одбрана, Панос Каменос, 51 отсто од анкетираните рекле дека се неговите позиции се во погрешна, а 26,5 отсто во правилна насока (ист процент како и за Ципрас).

Најголем процент во однос на тоа дали активностите се во позитивна насока, има грчкиот архиепископ Јеронимос – 34,5 отсто, а и најмал во однос дали се во погрешна насока 41 отсто.

Според Јоанис Армаколас, еден од спроведувачите на анкетата, бројките кои произлегуваат од анкетата ја отсликуваат грчката јавност како недоволно информирана и која не го разбира доволно спорот со името.

„Ова покажува дека раширена е фрустрација во грчкото општество за политиките и има длабока недоверба во надворешните сојузници и партнери на Грција. Исто така покажува дека Грците не им веруваат на своите политички лидери и дека нивните ставови за прашањето со името го рефлектираат нивниот бес и разочарување за повеќе аспекти од колективното живеење. Ова исто така покажува дека грчката јавност не е добро информирана за различните параметри на проблемот со името. Очигледно јавното мислење ќе биде голема пречка за секој обид да се реши прашањето со името. Но ова беше јасно и со анкетата која ја спроведовме пред две години. Тогаш нагласивме во нашите заклучоци дека има уште многу работа за да и се објасни проблемот на јавноста пред било каков обид да се реши спорот со името. За жал такви напори нема ниту од Владата ниту од политичките партии генерално“, вели Јоанис Армаколас, професор, соработник во „Елиа Меп“.

анкета Грција Елиа Меп Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.