Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МНР: Досега се вратени 2.207 македонски државјани од странство

0
By Нова ТВ on April 4, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вкупно 2.207 македонски државјани се вратени во земјава заклучно со 4 април, покажуваат податоците на Министерството за надворешни работи (МНР) кое го организира враќањето на лицата затекнати во странство.

Како што објави МНР на Фејсбук профилот, од 22 март до 4 април на Глобалниот контакт центар за конзуларни услуги во итни ситуации на Министерството се пријавиле 5.228 македонски граѓани од целиот свет кои сакаат со авион да се вратат во земјавата. Од нив 2.890 се согласиле да бидат сместени во државен карантин. Најголем дел од повиците – 93 проценти или 4.861 доаѓаат од Европа, а 272 повици се регистрирани од останатите континенти.

Со досега реализираните чартер летови од Ла Валета, Загреб, Љубљана, Виена, Базел, Минхен, како и по два лета од Берлин и од Келн/Бон во земјата се вратиле 1.445 македонски државјани. Преку три хуманитарни конвои со автобуси и автомобили од Црна Гора, Турција и Словенија обезбедено е враќање на 150 лица. Со посредство на Австрија и на Португалија, во земјава се вратени и 11 македонски државјани од Перу.

МНР во соработка со странски претставништва кај нас, репатрираше и над 600 странски државјани меѓу кои и на Австрија, Австралија, САД, Франција, Хрватска, Црна Гора и Косово.

По избувнувањето на глобалната пандемија со коронавирусот, сите гранични премини на земјава беа затворени на 16 март, а на 18 март беше затворен и Меѓународниот аеродром Скопје. По враќањето во земјава сите патници се упатуваат во државен карантин.

Коронавирус Македонци МНР Репатријација странство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.