Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Могерини: Политичките партии да му дадат поддршка на СЈО

0
By Светлана Јовановска on June 20, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 20, 2016 18:05

Во Македонија не може да има избори ако не бидат исполнети условите за фер изјаснување на гласачите а околу ова прашање ЕУ и САД се наоѓаат на иста бранова должина, изјави денес во Брисел висок претставник на Европската комисија (ЕК).

Истовремено во Луксембург се одржуваше сесија на шефовите на европските дипломатии. Тие сметаат дека договорот од Пржино мора да се исполни преку реформи за враќање на владеењето на правото, исполнување на итните реформски приоритети од ткнр Извештај на Прибе и полна поддршка на сите политички партии за работата на Специјалното јавно обвинителство.

Според Високата претставничка за надворешна политика Федерика Могерини “лидерите треба да влезат во отворен дијалог околу договорот од Пржино”, изјави таа по Советот за министрите за надворешни работи на ЕУ кој се одржа во Луксембург и подвлече дека македонските партии треба да ја поддржат работата на СЈО.

Министрите не усвоија заклучоци за Македонија. Но се одржа најавената дебата на барање пред се на Германија која е исклучително загрижена за ситуацијата кај нас.

Според извор на НОВА, во Луксембург било подвлечено дека во Македонија не треба да се одржат избори се додека сите услови за тоа не бидат исполнети. Датумот на изборите треба да биде договорен помеѓу политичките партии но најзначајно е да има услови за фер избори а не нивниот датум. И САД го има истиот став, вели нашиот извор.

Многу европски министри изразија жалење што има премалку напредок во примената на политичкиот договор од Пржино и особено речиси никаков напредок во примената на Извештајот на Прибе или Итните реформи кои ЕК ги постави пред Македонија пред повеќе од една година.

“Проблем и уназадување има пред се во судството”, вели изворот на НОВА.

На прашањето дали ќе има санкции за некои од политичарите, од Брисел велат дека за тоа одлучуваат земјите членки во Советот на министрите но “ако назадувањето продолжи нема сомнение дека ќе има последици”, вели нашиот извор.

ЕУ се уште очекува исполнување на договорот од Пржино. Но доколку тоа не се случи и земјата продолжи да назадува, ЕУ може да посегне и по друго “оружје” со кое јасно ќе стави на знаење дека во Македонија мора да се смени начинот на водење на државата и мора да и се стави крај на корупцијата.

На пример, ЕК би можела да ја одземе финансиската поддршка за македонското судство преку ИПА проектите и на тој начин да покаже дека е сериозна кога зборува за санкции.

Освен тоа, можна е и посилна изолација на земјата. Македонската влада и официјалните претставници веќе се во еден вид европска изолација. Тие веќе извесно време ретко добиваат покани за конференции или други настани. Сето тоа би можело да биде уште повеќе акцентирано.

Конечно, она што за ЕУ и САД е најзначајно е поддршката од сите политички партии за работата на СЈО и негово непречено работење. Работата на СЈО треба конечно да открие кој е виновен а кој не е за корупцијата во земјата. Специјалниот суд за кој се зборува треба да биде договорен помеѓу политичките партии и не може да биде наметнат ниту од Брисел, Бон или Вашингтон.

ЕУ Могерини Пржино СЈО Совет на министри
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.