Во просториите на Македонскиот олимписки комитет денес беа претставени осумте македонски спортисти кои ќе учествуваат на Олимписки игри во Токио.
Македонската спортска експедиција во Јапонија ќе ја сочинуваат:
- Миа Блажевска – пливање 100 м.
- Борјан Бранковски – спортско стрелаштво 10 м. воздушен пиштол
- Дејан Георгиевски – таеквондо – +80 кг.
- Филип Деркоски – пливање 400 м.
- Пуликсенија Јованоска – карате/ката
- Магомедгаджи Нуров – борење, слободен стил, 97 кг.
- Арбреша Реџепи – џудо, 52 кг.
- Јован Стојоски – атлетика, 400 м.
Олимписки игри 2020 во Токио ќе се одржат со една година задоцнување поради пандемијата на ковид-19. Почетокот е закажан за 23 јули и ќе траат до 8 август.
На отворањето на Игрите, македонското знаме ќе го носи Дејан Георгиевски во друштво на Арбреша Реџепи.