НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Молнупиравир“ на „Мерк“ или „Паксловид“ на „Фајзер“: Светот ја започна трката по терапии со анти-ковид таблети

0
By Sashko on November 9, 2021 СВЕТ
Фото: mfame.guru
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската унија преговара со „Merck&Co“ и со „Фајзер“ за купување на нивните експериментални лекови против ковид-19, изјави претставник на ЕУ за „Ројтерс“, додавајќи дека преговорите со „Мерк“ се навлезени во напредна фаза.

Двете американски фармацевтски компании развија антивирусни таблети за кои тестовите покажаа ветувачка ефикасност за лекување на возрасните кои се изложени на ризик за потешки форми на ковид-19. Стапката на ефикасност на пилулата на „Фајзер“, според направените испитувања, е 89 отсто, а на „Мерк“ околу 50.

„Во контакт сме со двете компании“, изјави претставник на ЕУ за британската агенција, кој сакаше да остане анонимен, бидејќи преговорите се доверливи.

Преговорите со „Мерк“ за „молнупиравир“ напредуваа, бидејќи компанијата веќе достави податоци до европската регулаторна агенција, додаде официјалниот претставник. „Фајзер“ допрва треба да ги достави податоците за „паксловид“, бидејќи прелиминарните резултати од тестот беа објавени дури минатата недела, еден месец по „Мерк“.

Портпаролот на Европската комисија, која ги координира преговорите со фармацевтските компании во име на земјите од ЕУ, одби да ги коментира преговорите.

Официјални претставници на ЕУ разговараа за набавка на лекови против ковид-19 на состанокот минатата недела, рече извор од ЕУ, нагласувајќи дека блокот сака да дејствува што е можно побрзо за да купи нови лекови, но сака и дополнителни безбедносни гаранции.

Таблетите на „Мерк“ досега се одобрени само во Велика Британија.

Двата лека се даваат по пет дена. Режимот на „Фајзер“ пропишува три таблети наутро и три навечер, додека таблетата на „Мерк“ се зема четирипати наутро и четирипати навечер.

Запрашан дали поголемата ефикасност на терапијата на „Фајзер“ ќе влијае на преговорите со Мерк, претставникот на ЕУ рече дека тоа сега не може да се споредува и дека се потребни повеќе податоци.

Трката за набавка на двете таблети, достапни во ограничени количини, започна низ светот. Британија набави таблети на „Мерк“ за 480.000 терапии и се согласи да набави уште 250.000 терапии од „Фајзер“. Во меѓувреме, американскиот претседател Џо Бајден минатата недела изјави дека САД обезбедиле „милиони“ терапии од „Фајзер“ и купиле и 1,7 милиони терапии од „Мерк“.

Австралија и неколку азиски земји исто така обезбедија нови лекови или се влезени во процес на постигнување договор. „Фајзер“ очекува да произведе над 180.000 терапии до крајот на 2021 година, додека „Мерк“ планира да произведе 10 милиони. Двете компании ќе го зголемат производството во 2022 година, пишува „Ројтерс“.

Во меѓувреме, бројот на заразени со ковид-19 на глобално ниво вчера надмина 250 милиони, а рекорден број нови случаи се регистрирани во некои источноевропски земји.

Бројот на дневни случаи е намален за 36 отсто во последните три месеци, покажа анализата на „Ројтерс“, но вирусот сè уште заразува 50 милиони луѓе ширум светот на секои 90 дена. За споредба, беше потребна речиси една година за да се заразат првите 50 милиони луѓе.

Здравствените експерти се оптимисти дека повеќето држави ќе го остават зад себе најлошиот дел од пандемијата, благодарение на вакцините и природниот имунитет, иако предупредуваат дека постуденото време и претстојните празнични собири ќе ја влошат ситуацијата.

Бројот на заразени продолжува да расте во 55 од 240 земји, а рекорден број на нови случаи се регистрирани во Русија, во Украина и во Грција од почетокот на пандемијата пред две години, пренесува „Ројтерс“.

Повеќе од половина од вкупниот број на нови случаи во светот се пријавени во европските земји, а стапката на вакцинација во Источна Европа е сè уште ниска. Неколку руски региони објавија нови ограничувања или продолжување на неработниот период во оваа недела поради рекорден број на смртни случаи.

Вчера во Русија се регистрираа 39.400 нови случаи од кои 5.000 во Москва. И во Германија, и покрај многу повисоката стапка на вакцинација, стапката на инфекција се искачи на највисоко ниво од почетокот на пандемијата, а лекарите рекоа дека ќе мора да ги одложат операциите закажани за следната недела во такви околности.

Сепак, иако стапката на инфекција е исто толку висока како што беше пред една година кога Германија воведе заклучување, земја сега не е во состојба на готовност, бидејќи 70 отсто од Германците се целосно вакцинирани.

Агенцијата АФП објави дека во источната германска покраина Саксонија, каде стапката на инциденца е над двапати од националниот просек, невакцинираните лица од денеска ќе се соочат со нови ограничувања. Пристапот до настани во затворен простор ќе биде ограничен на оние кои се целосно вакцинирани или кои можат да покажат докази дека се заразени. Ова се најстрогите правила кои се донесени во Германија против невакцинираните лица.

Ослободени ќе бидат само децата и лицата кои од медицински причини не можат да ја примат вакцината. За разлика од Германија, во неделата во Јапонија не е забележан ниту еден смртен случај, првпат по една година. Досега се вакцинирани над 70 проценти од јапонското население.

„Мерк“ „Паксловид“ Ковид-19 молнупиравир Свет таблети Терапии фајзер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.