Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОН: Платите на наставниците за 4 години зголемени за над 2.000 денари

0
By Biljana on August 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 3, 2021 17:28

„Платите на наставниците во последните 4 години се зголемени за над 2.000 денари, додека претходната власт во период од 7 години ги зголеми за само 850 денари“, информираат од Министерството за образование и наука и додаваат дека зголемувањето е резулат на посветеноста на Владата и на Министерството за достоинственото вреднување на трудот на наставниците.

„Со цел да се обезбеди трајна економска и правна сигурност на наставниците, МОН изготви законски измени со кои обезбедуваме континуиран раст на платите на наставниот кадар, согласно зголемувањето на минималната плата во државата. Ова законско решение повеќе од три месеци опозицијата го блокира во Собранието. Пратениците од опозиција им должат објаснување на наставниците зошто го опструираат носењето на измените на Законот за наставници и стручни соработници и се против унапредувањето на нивниот статус а со тоа и против најдобриот интерес на учениците. Затоа што само наставници на кои им се цени трудот се посветени на наставата и на квалитетно образование на учениците“, велат од МОН.

Според МОН, истото законско решение предвидува и трансформација на 4.700 работни места од определено на неопределено време, како и директно вработување на наставниците и стручните соработници на неопределено време, без да чекаат повеќе од две години со договори на определено.

„Законското решение овозможува професионален и кариерен развој за вработените во училиштата, како и следење и оценување на работата уште од првиот ден на стапувањето во редовен работен однос. Воедно, за прв пат законски се дефинираат компонентите на платата на наставниците и стручните соработници, со што се овозможува исплата на додатоците на плата за претходно стекнатите педагошки звања како резултат на успешност во работењето, додатокот за одделенско, односно класно раководство, за работа во комбинирана паралелка и за работа во ридско-планинско подрачје, за кои во минатото имаше реакции дека не се исплаќаат од страна на училиштата“, велат од Министерството за образование и наука.

Законот, кој е блокиран во Собранието, предвидува и исплата на целосна плата за неполн неделен фонд на часови на наставниците кои ќе реализираат воспитно-образовна работа според наставен план и програми донесени согласно Концепцијата за основно образование и воспитание, доколку имаат минимум 10 наставни часови во неделата.

Реакцијата на МОН доаѓа откако наставници од иницијативата Наставничкиот пленум најавија бојкот на наставата, ако не добијат зголемување на платите на наставниците во основно и средно образование.

МОН образование плати
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.