Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Москва тврди дека Полска планира да ја преземе контролата над дел од Украина

0
By НОВА ТВ Terziova on April 28, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Украинскиот град Мариупол сега е целосно во руски раце
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вашингтон и Варшава разработуваат планови за воспоставување на контрола на Полска над „историските територии“ во Украина, изјави денес директорот на Надворешната разузнавачка служба на Русија Сергеј Наришкин.

„Според информациите добиени од Надворешната разузнавачка служба на Русија, Вашингтон и Варшава разработуваат планови за воспоставување цврста воено-политичка контрола на Полска над „нејзините историски територии“ во Украина“, кажа тој.

Станува збор, всушност, за обид да се повтори историскиот „договор“ за Полска по Првата светска војна, кога колективниот Запад, претставен од Антантата, го призна правото на Варшава да окупира дел од Украина за да го заштити населението од „болшевичката закана“, а потоа да ги вклучи тие територии во составот на полската држава, истакна Наришкин.

„Настаните кои потоа следеа станаа јасна илустрација за колонијалниот поредок и присилната полонизација како основна метода за изградба на голема Полска“, додаде рускиот разузнавач.

„Првата фаза на повторното обединување би требало да биде влез на полските трупи во западните делови на земјата под изговор на нивна заштита од руската агресија. Во моментов сега со администрацијата на (американскиот претседател) Џо Бајден се разгледуваат модалитетите на претстојната мисија. Според прелиминарните договори, таа ќе се одвива без мандат на НАТО, но со учество на согласни држави. Варшава засега не успева да формира „коалиција на истомисленици““, кажа Наришкин.

Според него, полските разузнавачки служби бараат претставници на украинската политичка елита со кои можат да се договорат за формирање таканаречена демократска противтежа на неонацистите ориентирана кон Варшава, кои би ги поддржале плановите за влез на трупите на западот на Украина.

„Според пресметките на полската влада, превентивната консолидација на западот на Украина најверојатно ќе доведе до распад на земјата. Притоа Варшава всушност ќе добие контрола над териториите во кои ќе влезат полските „мировни сили““, објасни Наришкин.

Наведе дека е планирано „мировниот контингент“ на Полска да биде распореден во оние делови на Украина каде опасноста од директен судир со руската војска е минимална.

„Приоритетните „борбени задачи“ на полската војска ќе вклучуваат постепено преземање на контролата од Националната гарда на Украина над стратегиските објекти кои се наоѓаат таму“, истакна Наришкин.

вести Полска Свет Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.