Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мостарски урбанисти добија затворски казни поради урбицид – овозможиле незаконска изградба на зграда

0
By Zoran Ivanov on March 29, 2026 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 29, 2026 22:28

Кантоналниот суд во Мостар ги прогласи за виновни мостарските урбанисти Здравко Чулјак и Сања Володер и им изрече затворски казни поради злоупотреба на положбата и овластувањата во предметот за незаконска изградба на повеќекатница во населбата Бијели Бријег.

Судскиот совет во состав Мирјана Кево, Елис Султаниќ и претседателката Данијела Далипагиќ-Ризвановиќ на Чулјак му изрече казна од две години затвор, додека Володер е осудена на една година затвор.

Бидејќи Сања Володер и понатаму работи во Одделот за урбанизам на Град Мостар, судот ѝ изрече и забрана за вршење стручна дејност во сите јавни институции во траење од две години, поради опасност од повторување на кривичното дело. Таква мерка не му е изречена на Чулјак, бидејќи во меѓувреме е пензиониран од позицијата шеф на службата за градење.

Судот утврди дека Чулјак и Володер, како соизвршители, учествувале во овозможување на незаконската изградба на зграда на Бијели бријег, иако како стручни лица морале да постапуваат во согласност со регулацискиот план од 2012 година, кој на таа локација не предвидувал никаква изградба.

Според образложението на пресудата, обвинетите му овозможиле на инвеститорот стекнување материјална корист со издавање урбанистичка согласност, иако знаеле дека на предметната локација не смее да се гради. На местото каде што постоел приземен објект со површина од 219 квадратни метри, на кој биле дозволени исклучиво реконструктивни зафати, било овозможено изградба на сосема нов објект со површина од 3.385 квадратни метри. Судот заклучи дека обвинетите постапувале спротивно на своите овластувања и ги игнорирале законските основи за издавање дозволи.

При изрекувањето на пресудата особено беше нагласено дека дозволите биле носени на потпис кај тогашниот градоначалник на Мостар, Љубо Бешлиќ, во период кога началничка на Одделот за урбанизам била Марина Деронјиќ. Судот наведе дека Деронјиќ била лишена од сите овластувања од страна на градоначалникот, а тие овластувања не биле формално пренесени на друго лице.

Во завршниот дел од образложението на пресудата, судскиот совет истакна дека Чулјак и Володер го обезвредниле интересот на службата во која работеле, при што Чулјак, како тогашен раководител, имал и повисоко ниво на одговорност во однос на второобвинетата Володер. Како олеснителни околности, судот ги зема предвид фактот дека обвинетите претходно не биле осудувани, како и нивните семејни прилики. Чулјак е татко на три деца, додека Володер има две деца. Судијката Данијела Далипагиќ-Ризвановиќ нагласи дека судот морал да изрече казни за да се испрати јасна порака и да се одвратат други од извршување слични кривични дела.

Мостар пресуда урбанизам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.