Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе се поништи ли конкурсот за вработување на специјализанти?

0
By Менче Атанасова Точи on July 30, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 30, 2016 17:26

ДУИ попушти во однос на вработувањата на специјализантите. Директорите на болниците Албанци ги потпишале решенијата. Но, сега правната процедура за нивното вработување не може да се реализира бидејќи решенијата се потпишани  еден месец подоцна од договорот.  На Клиниката за детски болести каде што четворица специјализанти треба да си го решат егзистенцијалното прашање, велат дека вработувањата се заведени од 1 ви јули и не постои начин како тоа да се реши.

„Правнички не е завршена процедурата. Вработувањата се заведени од 1 ви јули, а економскиот директор потпиша пред два дена. Не постои друг начин освен да се поништи конкурсот“, изјави за НОВА Аспазија Софијанова, директорка на Клиниката за детски болести.

Економскиот директор Ридван Ибраими не објасни дали целта е да се поништи конкурсот. Само кратко рече дека сигурно ќе се најде начин да се среди проблемот.

„Не знам за другите директори, мене ми кажаа од Секретаријатот за здравство на ДУИ да ги потпишам решенијата. Сигурно ќе се среди тоа со датумот“, изјави Ибраими за НОВА.

Вкупно 28 специјализанти извисија бидејќи економските директори Албанци не сакаа да ги потпишат договорите, со образложение дека нема реципроцитет во изборот. Станува збор за болницата „Св. Наум охридски“ каде треба да бидат примени осум лекари, Клиниката за детски болести каде чекаат четворица лекари, како и во болниците во Куманово, Гостивар,Тетово и Струга.

Во Министерството за здравство пак, велат дека дека  постепено се реализираат договорите од останатите установи, постапката е во завршна  фаза и во најкраток рок ќе се финализира.

Со овој договор лекарите кои се на приватна специјализација, а работат и дежураат без да земат ниту денар ќе примаат просечна плата од 22 000 денари. Министерството за здравство им наложи на болниците, буџетот за нивните плати да го обезбедат болниците, а некои од директорите велат дека се немаат финансиски средства за тоа.

Од  Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари упатија писмо до министерот Тодоров и до директорите на болниците барајќи одговор зошто  28 лекари не можат да заснован работен однос од 1 јули како што е зацртано со договорот и да го остварат своето право како останатите нивни колеги.

директори договори ДУИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.