Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МПМ отпушта 20 вработени, најголем дел новинари во „Вест“

4
By Нова ТВ on July 26, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 26, 2016 18:35

MPM

Медиа Принт Македонија денеска на вработените им соопштила дека донесена е одлука за откажување на договорот за вработување на 20 луѓе во компанијата. Станува збор за новинари и технички лица од весниците Утрински, Дневник, Вест, Теа Модерна и Спорт, а како што дознава НОВА најголем дел од листата за отпуштање се новинари од стариот состав на Вест.

Од Вест си заминуваат поранешните помошници на уредникот од основачкиот состав  Марина Костова и Снежана Ванкова, како и новинарите Орданче Костов, Елица Бучваровска,  Бети Тимиовска и Мирослав Илиоски и плус еден возач и дактилографка. Од „новите луѓе“ во Вест донесени по промена на уредничкиот тим, медиумот ќе треба да го напушти само новинарката Ивана Трајковска.

НОВА се обиде да стапи во контакт со главниот и одговорен уредник на „Вест“ – Горан Петрески, кој накусо само рече дека е надвор од земјата.

Со одлуката МПМ соопштиле дека бројот на вработени лица се намалува од деловни причини, бидејќи компанијата е во криза. Во некои од медиумите е намален бројот на вработени, а во дел се укинати и рубрики.

Истакната била и листа на бодување, а одлучувачко за тоа кој ќе добие најмалку бодови и со тоа ќе мора да ја напушти компанијата, од 0 до 50 поени давaл главниот и одговорен уредник, а останатите 50 поени зависат од образованието, стажот,  социјалната и економска положба на вработениот.

Отпуштените ќе добијат испратнина во износ од една до пет плати. Дел од вработените кои се на списокот за отпуштање велат дека МПМ внимавала да бидат запазени сите законски процедури, но и покрај тоа тие ќе ја обжалат одлуката.

Најавите на компанијата за отпуштање на десетици вработени и намалување на платите од 10 до 20 проценти уште минатата година, беа причина тимот на „Вест“ точно пред една година да излезе на мирен протест  под прозорецот на канцеларијата на претседателот на извршниот одбор на МПМ, Срѓан Керим.

Од канцелариите на МПМ за време на протестот вработени од прозорците ги снимаа и фотографираа оние кои протестираа, но се трудеа да останат незабележани.

Вработените се појавија облечени во маички на кои беше испишан слоганот „Македонија вработува, се бориме за секое работно место“- слоган кој беше дел од владина кампања, иронично пренесувајќи ја пораката до менаџментот и сопствениците на компанијата кои важат за блиски до владејачката партија.

Нивните колеги од „Утрински весник“ и „Дневник“ не излегоа на протестот иако и тие се еднакво засегнати од планираните мерки, со исклучок на новинарката Јорданка Ивановска од „Дневник“која дојде да изрази поддршка.

Македонија вработува, Керим отпушта – протест на „Вест“ на 1. јули, 2015
Македонија вработува, Керим отпушта – протест на „Вест“ на 1. јули, 2015 со тогашниот уредник Горан Михајловски

МПМ ги издава дневните весници „Вест“, „Утрински весник“, „Дневник“ како и други забавни и спортски магазини.

Компанијата  доживеа многу турбуленции откако пред неколку години ја презедоа бизнисменот Јордан Камчев и контроверзниот екс дипломат и бизнисмен Срѓан Керим обележан со скандалот „700,000 евра во шише“.

Тие во неколку наврати комплетно ги променија уредничките состави на „Дневник“ и „Утрински“, а годинава и во „Вест“, а беа обвинувани и за отпуштање новинари од идеолошки причини.

 

 

 

Вест медиуми МПМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.