Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Муареми: Со обвинителите мора да се убедуваме за истрагите за финансиски криминал

0
By Нова ТВ on June 21, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 21, 2019 16:53

Финансиската полиција од почетокот на годинава до средината на јуни поднела 28 кривични пријави против 51 лице и 28 фирми, а се однесуваат на сомненија за 48 кривични дела.

Директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми, рече дека штетата која е причинета во овие случаи изнесува над 8 милијарди денари и дека пријавите се веќе поднесени до надлежните обвинителства.

Од таму денеска доставија нови три кривични пријави за злоупотреба на службената должност против директорот на МТВ Марјан Цветковски, против директорот на Институтот за јавно здравје и против фирмата Те- То АД Скопје.

Сепак и покрај големиот број на поднесени пријави, значително е помал бројот на обвиненија од страна на Јавното обвинителство. На прашање на НОВА како е задоволен од брзината со која Јавното обвинителство постапува по нивните кривични пријави, Муареми кажа дека на обвинителите им треба повеќе време да процесуираат постапки поврзани со финански криминал.

„Досега сме имале добра соработка со Јавното обвинителство. Сепак се работи за финансиски криминал за што треба повеќе да им се објасни на јавните обвинители, затоа што тие се правници и за финансиските истраги треба малку повеќе да се дообјаснуваме, да се убедиме во делот на предметите дека навистина има криминал, а се знае дека поради  финансиски интерес се злоупотребуваат јавните функции“ кажа Муареми.

Нема прецизен број по колку пријави од Финасиската полиција се покренати обвиненија.

НОВА испрати прашање до Јавното обвинителство – што е превземено во врска со кривичната пријава која Финансиската полиција ја достави пред една година, а во врска за Злоупотреба на службената положба против три лица, вклучувајќи го и екс градоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ. Од Јавното обвинителство одговорија дека обвинение се уште не е поднесено но дека се постапува по пријава.

„Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, кон крајот на месец октомври минатата година, донесе Наредба за истрага против три лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353 ст.5 во врска со чл.22 од Кривичниот законик. Лицата се сомничат дека при спроведување на постапка за јавни набавки со неизвршување на својата службена должност овозможиле изведувачот на Проектот – Изградба на пешачки мост „Мост око” на реката Вардар, да се стекне со имотна корист. Се преземаат сите неопходни мерки за расветлување на случајот“ одговорија од Јавното обвинителство.

Пријавата до Јавното обвинителство од Финансиската полиција  беше поднесена на 4 јули 2018 година. Од Обвинителството објаснуваат дека се уште  собираат докази за да утврдат дали има основа да покренат обвинение. Во кривичната пријава што ја достави Финансиската полиција, Тодоровиќ го призна делото и ги врати парите – повеќе од 400 000 евра за кои беше осомничен дека ги проневерил.

Муареми денеска најави дека наскоро ќе објават и други истраги кои се „во финална фаза и се спроведуваат заедно со Јавното обвинителство и ќе бидат со обезбедување на лицата“.

 

 

Арафат Муареми обвинителство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

ВЕСТИ August 15, 2026

Франција, Германија и Велика Британија работат на сопствен формат за преговори во врска со украинската…

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026

Денеска ќе се знае дали гостиварчани конечно ќе пропијат вода од чешма

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.