Вечерва стартува новата сезона од Лигата на шампионите.

Но, колку ќе биде интересна оваа сезона без великаните на европскиот фудбал како што се Интер, Милан, Ливерпул, Челзи, Манчестер Јунајтед?

Токму „Ѓаволите“ минатата сезона под водство на Луи ван Гал не успеeја да се пласираат во најелитното клупско фудбалско натпреварување, а од оваа сезона се очекуваат сосема поинакви работи.

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо, порача дека Лигата на шампионите не е Лига на шампиони без неговиот тим.

„Лигата на шампионите без Манчестер Јунајтед не е Лига на шампиони, а Манчестер Јунајтед без Лига на шампиони не е Манчестер Јунајтед. Ова е првиот голем исчекор кон враќањето. Но, за да се вратите, морате да бидете добри во Премиер лигата, а првиот чекор е да ја вратиме самодовербата, што мислам дека во моментов тоа и го правиме“, изјави Мурињо.