Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мурињо по победата над Борнмут: Од вакви мечеви ми побелува косата

0
By Нова ТВ on November 3, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Жозе Мурињо пред неколку дена испорача верба дека Манчестер јунајтед ќе биде меѓу најдобрите четири екипи во Премиерлигата на крајот на 2018 година. Денеска, пак, по триумфот на гости против Бормут (2:1) изјави дека е тренер со најмногу среќа во англискиот фудбалски шампионат.

„Катастрофа бевме во првото полувреме. Игравме лошо, игравме ужасно во одбрана и можам да кажам дека имавме многу среќа. Со таков настап не можете да убедите луѓе дека нешто работите на тренинзи низ неделата. На полувреме помислив дека сум тренер со најмногу среќа во Премиерлигата бидејќи Борнмут требаше да води со 5:2 или 6:2“, истакна португалскиот менаџер на „црвени ѓаволи“.

Домашните поведоа во 11. минута со голот на Калум Вилсон по што следуваа два на гостите од „Олд трафорд“. Израмнувачкиот беше дело на Антони Марсијал во 35. минута, победничкиот, пак, го запиша Маркус Рашфорд во втората минута од екстра времето на натпреварот. Мурињо откри дека на паузата им порачал на фудбалерите „да заиграат подобро оти полошо од она што го покажале дотогаш не можеле“.

„Вториот дел беше поинаков од првиот. Создадовме многу шанси, бевме внимателни и агресивни. Не можам да поверувам колку лошо почнавме. Не бев на загревањето, но асистентите ми рекоа дека тоа било едно од најдобрите во сезоната. Фудбалерите мора да знаат дека мора да бидат стабилни кога ќе загубат топка. Ние стабилност не покажавме. Не можам да го сфатам тој менталитет поради кој ми побелува косата“, додаде „специјалниот“.

Манчестер јунајтед е седми на табелата со 20 бода колку што има и Борнмут и во наредното коло го очекува градското дерби со Сити на „Олд трафорд“.

Жозе Мурињо Манчестер Јунајтед Премиерлига фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.