Триесет и петгодишен граѓанин на Ниш, Србија, е уапсен за кривично дело нанесување тешки телесни повреди со смртен исход, бидејќи крвнички го претепал Ферат Асановиќ (68), кој починал од повредите.

Трагедијата се случила на 3 мај, откако осомничените и жртвата вечерта ја поминале заедно во кафуле во Ниш на улицата Рентгенова.

-Ферат свирејќи на хармоника цела вечер го забавуваше А.С. Свиреше и пееше за него, а тој ги плаќаше и песните што ги нарача. Заедно пиеле и се дружеле за во еден момент Ферат да објави дека му е доста и дека повеќе не може да пее. Околу полноќ заедно излегле од кафулето, кога насилникот, како што се сомнева, збеснал што Ферат го одбил. А.С. брутално го претепал овој несреќен човек. Случаен минувач околу 3:30 часот го забележал неговото тело и ја известил Брзата помош. Мажот во бессознание бил пренесен во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, каде што набргу починал, велат извори запознаени со случајот, пренесуваат српските медиуми.

Како што дознаваат, Ферат живеел во населбата Сточни трг, но често престојувал во прифатилиште за стари и изнемоштени лица. Кривичниот законик пропишува казна затвор од две до дванаесет години за нанесување тешка телесна повреда со смрт.