Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР: 15 загинати, 6 исчезнати, а 22 граѓани повредени во невремето

0
By Нова ТВ on August 7, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 7, 2016 11:18

До утрово до 8.30 минути, според официјалните информации на МВР, од невремето во Скопје има 15 загинати, 6 лица се водат за исчезнати, а 22 граѓани се повредени и хоспитализирани на скопските клиники.

Најголем дел од жртвите се од Стајковци, Сингелиќ, Смилковци и Арачиново, каде има и најмногу урнати и поплавени куќи, како и уништени возила.

Како што сооштуваат од МВР ноќеска и денеска од МВР се ангажирани Специјалните единици при МВР (ЕБР, ЕСЗ,ПЕП,Единицата за Јавен ред и мир) како и дополнителни служби и тоа : крим техника од Штип, Велес и Тетово, додека пак од останатите служби, ангажирани се Бригадата за против пожарна заштита, Јавното претпријатие Водовод, Дирекција за спасување и заштита, Итна медицинска помош и пајак служба.

13956875_10209574930066070_2115869130_n

Поради настанатите свлечишта кај клучката кај Стајковци према клучката Радишани, по излегување на местото на настанот од страна на полициски службеници, било констатирано дека се заглавени околу 70 возила . Свлечиште било пријавено и на обиколницата на потегот Ѓорче Петров према Стенковец.

Од здравствените служби, интервенирале 12 тима на брза помош за повредени луѓе по невремето што го зафати Скопје.Во текот на ноќта и изутрината имале 65 интервенции на терен во скопскиот регион од кои кај 12 била констатирана смрт.

13900727_10209574930026069_1394378082_n

 

Според информациите на лекарите укажана им е помош на стотина повредени, пациентите се со скршеници, набиеници и посекотини. Спасувачките екипи успеале да спасат и затрупана жена, која за среќа според информациите на лекарите е со полесни повреди.

Во Ургентниот центар било донесено и мртво осум годишно дете, кое лекарите за жал само му констатирале смрт, а здравствена заштита побарале 11 граѓани. Екипи на Брзата помош, МВР и АРМ како и екипи на центарот за управување со кризи се на терен и работат на расчистување на пустошот што го остави невремето.

Од Градската општа болница „8 Септември“ потврдија дека биле прегледани 24 лица кои имале полесни телесни повреди (контузии и исеченици), и по укажаната лекарска помош се пуштени дома.

жртви невреме поплава Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.