Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР и Димитриевски со различни приказни за вчерашниот инцидент

0
By Нова ТВ on April 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека ќе поднесе пријава против пратеникот од СДСМ, Максим Димитриевски, затоа што, според истрагата, тој го предизвикал инцидентот што час по полноќ се случил во кафеаната „Палас“ во Куманово.

Според МВР, извесен З. А., гостин во кафеаната, час по полноќ, телефонски пријавил во СВР Куманово, дека неговиот син В. А. е физички нападнат од пратеникот Димитриевски.

„М.Д. од Куманово, во два наврата, му удрил тупаници во пределот на лицето на В. А., при што му нанел видливи повреди. Полициските службеници од СВР Куманово излегле на местото на настанот и констатирале дека оштетениот со своите пријатели бил гостин во ресторанот и на музиката им порачал одредена песна. Кога музиката престанала, тој се упатил кон оркестарот за да праша зошто запреле. Во тој момент, му се приближило лицето М. Д. Тој, исто така, бил на семејна прослава, и во присуство на повеќе гости, го удрил во пределот на лицето два пати, со што му нанел телесни повреди“, стои меѓу другото, во соопштението на МВР.

Сведоци кои биле присутни за време на настанот, го потврдиле случајот, информираат од МВР.

Утрово, пратеникот Димитриевски за НОВА рече дека бил нападнат од десетина лица кои биле во алкохолизирана состојба.

Димитриевски рече дека напаѓачите прво вербално го провоцирале, а потоа се обиделе и физички да се пресметаат со него.

Пратеникот тврди дека се обидувал да не подлегне на провокациите, но реагирал бидејќи со него била и сопругата.

Димитриевски го пријавил случајот во МВР, и вели иако е обид да биде заплашен, тоа нема да му успее на никого.

Инцидент МВР пратеник тепачка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.