Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека во изминатото деноноќие се издадени решенија за изолација на 702 лица на територијата на цела држава, 210 граѓани потпишале изјави за самоизолација, а 705 ја прекршиле мерката за носење на заштитна маска.
Од МВР додаваат дека полициски службеници во последните 24 часа извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што се регистрирани три прекршувања на мерките.