Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР набавува 600 ремени за 300.000 евра, НСП бара одговори од Чулев

0
By Нова ТВ on May 28, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 28, 2020 12:35

Претседателот на Независниот полициски синдикат (НСП), Гоце Делчев реагира на јавната набавка на 600 ремени во Министерството за внатрешни работи (МВР) и упатува забелешки до министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев зошто не дозволил вклучување на членови на овој Синдикат во комисиите на МВР, вклучително и во таа за јавни набавки. На Чулев му забележува и дека определил комисии за водење дисцилински постапки само со еден потпис и повикува министерот и премиерот Оливер Спасовски да го решат проблемот за барањето награди за полицајците.

„Многу вработени во полицијата вчера се запрепастија кога слушнаа од медиумите и преку социјалните мрежи дека 300.000 евра се дадени преку јавни набавки за набавка на 600 ремени. Јавно го прашувам министерот за внатрешни работи за кого ќе бидат наменети овие ремени и која е намерата за набавка по оваа висока цена“, истакна Делчев на денешната прес-конференција и праша зошто министерот не дозволил вклучување на членови на НСП во одредени комисии во МВР, во случајот во Комисијата за јавни набавки.

Втора работа, додава тој, како изминатите неколку месеци додека трае коронавирусот со полициски час определил комисии за водење дисциплински постапки во рамки на Министерството само со еден потпис.

„Дали тие комисии се валидни и дали воопшто тие комисии што функционираат во рамки на МВР во моментот се соласно соодветните законските регулативи кои ја регулираат оваа материја, а прашањето е врз база на сето она што одредени членови на НСП кои преку адвокатите на НСП веќе подолг временски период реагираат на незаконски поставени комисии, а се ова што го прашувам претпоставувам дека и министерот Чулев или од него овластени од МВР ќе имаат доблест јавно да проговорат како и на кој начин се направени тие комисии во секторите за внатрешни работи во регионалните центри и комисијата во рамки на БЈБ“, посочи Делчев.

Тој изнесе и тврдење дека осум дена полициската станица за обезбедување на границата Танушевци е без струја и два дена без вода.

„Не може полициската станица Танушевци наназад неколку месеци да има невиден проблем со струјата, каде што и од ЕВН се запознаени дека има проблем со сето она што се вика набавка и на дотур на вода, а сите останати кои се надлежни за оваа проблематика во рамки на МВР да останат без никакви коментари“, вели Делчев.

Во однос на наградите кои ги побара МВР за полицијата, тој рече дека такво нешто Синдикатот побарал јавно уште пред еден месец и од министерот и од Владата, со барање тие да определат износ.

„За НСП ова е класична политичка игра, односно политичка борба. Полицајците во рамките на МВР сето ова го гледаат иронично, гледаат дека некој сака да направи некаков политички поен во предизборието. Итно и веднаш да седнат и министерот и техничкиот премиер оваа работа да ја надминат. Сите знаеме што се случуваше минатите три-четири месеци, знаеме дека е огромен бројот на вработени во полицијата кои изминатиот период беа позитивни на ковид-19, бидејќи имаа директни контакти со заразени лица, беа во самоизолација, беа на разни боледувања и се практично сè уште дел од истите без завршен третман односно се очекува нивна конечна разврска. Овој паричен износ според мене најбрзо што може мора тоа да се реши и со плата во јуни што ќе биде префрлена ако е можно, а е многу релативно брзо можно таа работа да се реши“, рече Делчев.

Гоце Делчев јавна набавка Коронавирус МВР награди Наќе Чулев НСП ПС Танушевци Ремени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026
shortcut
ФОКУС
June 6, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

ВЕСТИ June 6, 2026

За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај –…

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

June 5, 2026

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

June 5, 2026
ТИКЕР

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.