Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР објави фотографија од напаѓачот на Горан Милевски

1
By Нова ТВ on April 3, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за внатрешни работи на својата официјална веб-страница објави фотографија од лицето по кое се трага, а кое е осомничено дека физички го нападнало пратеникот Горан Милевски на плоштадот „Македонија“ на 25 март .

„Во врска со кривично – правниот настан од 25.03.2018 година случен на плоштад  ,,Македонија,, при што физички беше нападнат – пратеник во Собранието на Република Македонија, по извршена консултација со Јавен обвинител, а врз основ на член 561 став 1 и член 563 став 2 од Законот за кривична постапка на Република Македонија, се врши јавна објава на фотографија за едно лице кое што е важно за постапката. За таа цел ги повикуваме сите граѓани кои имаат било какви сознанија за лицето, веднаш да известат во најблиската полициска станица, да пријават на  телефонскиот број 192, да ја употребат апликацијата ,,Пријави сомнително лице“  на официјалниот сајт на МВР  или да пријават во  Јавно обвинителство“, стои во објавата на МВР.

Милевски беше физички нападната од засега непознато лице на 25 март, додека се движел по плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје.

Како што изјави лидерот на ЛДП и пратеник тогаш, лицето без никаков повод и причина му се приближило и почнало да го удира со тупаници по главата.

Милевски за дел од медиумите изјави оти смета дека е можно нападот да бил поради изгласаниот Закон за употреба на јазиците и производ на манипулации врз граѓаните кои не моѓат да ги проценат политичките случувања во Република Македонија, како и неуспешен обид да се попречи патот на земјава кон Европската Унија и НАТО.

Инаку, ова е втор пат МВР преку објавување на фотографија од осомничено лице по кое се трага да бара помош од граѓаните за негово идентификување.  Минатата година МВР објави фотографии со замрзнати кадри од снимки од собраниските камери за време на насилствата од 27 април и побара помош од граѓаните за идентификување и пронаоѓање на лицата од снимките.

Горан Милевски МВР осомничен физички напад фотографии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.